Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Се огласи Заев, се закани со тужба: Не сум поврзан со канабисот, немам облакодери во Дубаи, ниту сум вршел притисок на Жан Митрев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
zaev-2

Експремиерот Зоран Заев јавно ги демантира, како што ги оценува, лагите и клеветите што, според него, со години ги пласира ВМРО-ДПМНЕ, нејзиното раководство, партиските портпароли и медиуми блиски до партијата. Тој истакнува дека веќе пет години е целосно надвор од политиката, откако поднел оставка од сите политички и државни функции, но и покрај тоа, неговото име, како што вели, континуирано се злоупотребува во јавноста.

— реклама —

„Веќе пет години сум надвор од политиката, откако поднесов оставка од сите политички и државни функции. Пет години, речиси секој ден откако заминав, партијата ВМРО-ДПМНЕ, нејзиното раководство, нивните портпароли и медиуми не престануваат да се занимаваат со мене, ширејќи континуирани лаги, клевети и навреди. Јавно барам извинување од пратеникот Петрушевски и од партијата ВМРО-ДПМНЕ за сите тие лаги, клевети и навреди, вклучително и намерната злоупотреба на моето име во таа режирана драма околу конфискацијата на десетици тони медицински канабис, поради наводно несоодветно чување и складирање. Безобразна лага е дека сум на кој било начин поврзан со случаите со канабис што беа презентирани пред јавноста.

— реклама —
— реклама —

Безобразна и дрска лага е дека сум се јавувал во Царинската управа. А без никаква срам, подеднакво одвратни се и останатите нивни лаги за мене, кои ги повторуваат речиси секојдневно откако се повлеков од политиката а посебно во овие скоро две години колку што се на власт, како онаа дека градам некакви облакодери од 40 ката во Дубаи, дека вршам притисок за купување на болницата на д-р Жан Митрев, дека се мешам во работата на правосудните и други институции, како и уште низа други измислици и конструкции. Трпам секојдневни навреди веќе пет години. Сите знаат дека никогаш не сум сакал да тужам, се борев за слобода на говорот. Никому не сум му се одмаздил за она што ми го направија на 27 април во Собранието, никогаш не сум ја злоупотребил политичката позиција, но сега е доста! Доколку не се извинат во законски предвидениот рок, ќе поднесам тужба против Петрушевски и ВМРО-ДПМНЕ. Ќе се борам со сите правни средства да ја симнам оваа дамка од моето име“, напиша Заев.

— реклама —
zaev-carina

(Видео) Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев, тврди Петрушевски

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска изнесе тврдења дека над две третини од вкупно 27 тони запленета марихуана се поврзани со фирма која, како што рече, е во сопственост и под контрола на лица блиски до СДС и поранешниот премиер Зоран Заев.Според Петрушевски, фирмата „ЦБД Медплант“ формално е запишана на име на Христијан Котев, но реалната сопственост, како што наведе, ја има неговиот татко Тони Котев, познат како М’гчев, поранешен претседател на општинската организација на СДС в

Македонија | пред 4 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library003b8vn3leib0la7zIk

(Фото) Иста јахта како лани: Заев повторно фотографиран на пловило во Халкидики

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarybv8sotsts27u0ZD0OYB

(Видео) „Шо праите бе другари“ - Заев со аплауз пречекан на јубилејот на СДСМ

Настани | пред 2 месеци

media-libraryec3ph4d3rgjqfYKpDh2

ВМРО-ДПМНЕ: Судот во Струмица се прогласи ненадлежен за тужбата на Заев

Македонија | пред 2 месеци

zaev-filipce

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Заев и Филипче дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и колку профитирале?

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања