Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Загина српски војник при израелски напад врз база на ОН во Либан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
napad-liban

Српски војник, постариот водник Милован Јовановиќ, починал од тешките повреди здобиени при напад врз база на Обединетите нации во Либан, каде што бил распореден како дел од мировната мисија.

— реклама —

Информацијата ја потврди Министерството за одбрана на Србија, наведувајќи дека по ранувањето му била укажана итна медицинска помош во болница во рамки на базата, по што со хеликоптер бил префрлен во Универзитетскиот медицински центар во Бејрут. И покрај напорите на лекарите, тој починал околу 4 часот по локално време.

— реклама —

Според соопштението, во истиот напад биле повредени уште двајца припадници на меѓународните мировни сили – еден војник од Ел Салвадор и еден од Шпанија.

Милован Јовановиќ е роден на 6 јуни 1989 година во Краљево. Во Војската на Србија служел од декември 2011 година, а во мировната мисија во Либан бил ангажиран од јануари годинава.

— реклама —

Зад себе оставил сопруга и две малолетни деца.

— реклама —

Министерот за одбрана на Србија, Братислав Гашиќ, и началникот на Генералштабот, Милан Мојсиловиќ, упатија сочувство до семејството на загинатиот војник.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycak8udcnlp4o9DsKbLB

Трамп ја прекинува воената помош за Израел: „Доволно се богати сами да си купуваат оружје“

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Израел: Мисијата во Иран не е завршена, подготвени сме за сите сценарија

Свет | пред 4 дена

Screenshot-2025-06-16-at-11.35.28

Израел се заканува со нови воени операции против Иран: „Мисијата сè уште не е завршена“

Свет | пред 4 дена

netanjahu

Крај на ерата на Нетанјаху? 67 пратеници го поддржаа неговиот ривал

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања