Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Загина возач на камион откако возилото се превртело во провалија кај Кавадарци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryssjfm1762v79a5Y15uk
Илустрација / Скопје1

Педесет и шестгодишен возач од Кавадарци го загубил животот во тешка несреќа што се случила во близина на селото Мрежичко, откако товарно возило се превртело и паднало во провалија.

— реклама —

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 30 јуни во СВР Велес, а несреќата се случила околу 13:00 часот при истовар на земја од товарно возило „Ман“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.К. (56) од Кавадарци.

— реклама —

При превртувањето, камионот паднал во провалија, а возачот од здобиените повреди починал на местото на несреќата. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Кавадарци.

— реклама —

Во извлекувањето на телото и возилото од провалијата учествувале алпинистички тим од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, полициски службеници од ОВР Кавадарци и припадници на Територијалната противпожарна единица Кавадарци.

— реклама —

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје. Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 5 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 5 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 5 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања