„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Заглави воведувањето на дигиталното евро

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Свет
media-libraryfqqm98bton6df6HMT5r

Воведувањето на дигиталното евро се соочува со нови пречки во Европскиот парламент, откако главниот известувач за предлогот, шпанскиот европратеник Фернандо Наварете Рохас од Европската народна партија, формираше малцински блок со крајнодесничарски групи. Поради тоа не може да се обезбеди мнозинство за нацрт-законот, а Берлин повикува на напредок, додека критичарите предупредуваат дека предлогот се разводнува.

— реклама —

Амандманите внесени во последниот компромисен текст биле неприфатливи за групите што го поддржуваат планот на Европската комисија, што довело до законодавен застој. Иако нов состанок е закажан за 10 март, се очекува гласањето планирано за мај да биде одложено, бидејќи без мандат од Парламентот процесот не може да продолжи.

Дигиталното евро доби политичка тежина поради економските тензии меѓу ЕУ и САД и зависноста од американските платежни компании „Виза“ и „Мастеркард“, преку кои се реализираат 61 процент од картичните плаќања во Унијата.

— реклама —

Проектот предвидува електронска форма на готовина издадена од Европската централна банка, достапна преку дигитален паричник. Додека Комисијата предлага систем за онлајн и офлајн плаќања, Наварете се залага за ограничен модел што би функционирал само офлајн, што според критичарите ја поткопува основната визија на проектот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања