Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Зајкова: Електронско гласање на избори – наместо повеќе функции и малверзации

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryvc4gu7ln5b770qvBxzk

Либерално-демократската партија (ЛДП) повторно се залага за воведување електронско гласање и биометриска идентификација, оценувајќи дека постојниот изборен модел е застарен и финансиски оптоварувачки.

— реклама —

Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, упати повик до Собранието да се стави крај на, како што го нарекуваат, скапиот и неефикасен „Пржински модел“, и фокусот да се насочи кон дигитални решенија во изборниот процес.

— реклама —

Од партијата сметаат дека техничките влади и дополнителните административни позиции пред избори создаваат непотребни трошоци и не придонесуваат за поголема доверба во изборниот процес. Според нив, технологијата може да обезбеди поголема транспарентност и да ги намали ризиците од злоупотреби.

— реклама —

ЛДП нагласува дека средствата што се трошат за дополнителни функции во изборната администрација треба да се пренасочат кон економски и социјални приоритети, оценувајќи дека граѓаните се соочуваат со финансиски притисоци.

— реклама —

Партијата најавува дека ќе продолжи да ги застапува овие предлози во рамки на работните групи за изборни реформи, со цел, како што наведуваат, создавање поефикасен, поевтин и посигурен изборен систем.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2bg79bitcebr989lcH7

Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот!

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
Screenshot-2024-12-07-at-12.47.55

„Времето на автократите завршува“ – Зајкова и ЛДП со порака по изборите во Србија

Свет | пред 2 седмици

media-library2n3cmkcgrktsfEt9R0h

Зајкова: Борбата за отворени листи не е предавство, туку слобода за граѓаните – нема да бидеме декор во вашите партиски пресметки

Македонија | пред 2 седмици

Monika-Zajkova-potpretsedatelka-na-LDP

„Не ги користете мртвите деца за политички поени, ниту пак живите деца кои сè уште чекаат мир“, вели Моника Зајкова

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања