Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Зајкова: Знаеме дека ќе кажат дека законот за електронска нараквица не е применлив, но истиот веќе се спроведува во БиХ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library2ah6h89ab4d4bxceRa2

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

„Вчера по вторпат, собраниското мнозинство покажа дека нема ни волја, ни храброст, ни совест кога станува збор за заштита на жените. Без збор. Без аргумент. Без срам. Повторно го одбија предлогот за воведување електронски нараквици за следење на насилниците, мерка што значи превенција, што значи спасени животи, што значи вистинска заштита“, изјави денеска претседателката на Либерално-демократска партија (ЛДП) и пратеничка, Моника Зајкова.

Зајкова вели дека ова не е само политичка одлука туку директна одговорност, затоа што кога пратениците имаат можност да спречат насилство, а свесно одбираат да не го направат тоа – стануваат соучесници во секој следен напад и во секоја следна жртва.

— реклама —

Претседателката на ЛДП додава дека предлогот за воведување на електронска нараквица не е нов, беше поднесен уште минатата година, но и тогаш истото сценарио: молк, игнорирање, одбивање.

— реклама —

„А што добивме од тогаш до денес? Црни биланси, жени жртви, скршени животи. И изгубени животи. И после сето тоа, повторно истата ладнокрвност. Вчера најавија дека ќе дадат објаснување. Какво објаснување може да се даде после една година молк и повторно молк? Ќе речат законот не е применлив. Еве одговор: применлив е. Се применува на федерално ниво во Босна и Херцеговина. Ќе речат треба да се менуваат други закони. Да, треба да се усогласи Кривичниот законик. Но тоа не е пречка. Една година усогласуваат други закони со нивниот Закон за Влада, зошто да не може и овој.  Ќе речат нема услови. Има. Алките од системот за пробација им стојат во депо. Ќе речат нема пари. Не се работи за пари. Се работи за волја. Ќе речат треба повеќе време. Не, не треба. Една година помина од молкот по претходниот предлог. Една година молчат додека билтените се полнеа со жртви, додека изразуваат жалење за убиени жени и повторно да не направат ништо“, изјави Зајкова во Собранието и додава дека е доста од лицемерие и празни говори.

— реклама —

Зајкова дополнува дека жените не се бројки, не се проценти и жените не се тема за политички маркетинг.

„Жените се животи. И тие животи вчера повторно, како пред една година, беа игнорирани. Ова повеќе не е само политичка борба, ова е морална одговорност. И бидејќи мнозинството повторно  избра да стои на страната на молкот, ие нема да молчиме. ЛДП нема да се откаже. И ако треба по извесно време повторно ќе го доставиме предлогот. Ако пак проблемот е што  предлогот доаѓа од нас, како и многу други предлози, еве и овој ќе им го дадеме, нека го поднесат тие, нека го препишат како свој, само нека не молчат, затоа што молкот веќе однесе премногу животи“, заклучува Зајкова, посочувајќи дека за секој следен случај мнозинството во парламентот ќе ја носи истата одговорност, затоа што тие можеле да спречат, а одбрале да молчат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryvc4gu7ln5b770qvBxzk

Зајкова: Електронско гласање на избори – наместо повеќе функции и малверзации

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryeg25al5bt2jl3ozN1ZR

Зајкова: Доста е Пржинска влада – време е за дигитално гласање

Македонија | пред 1 седмица

media-library77m8dai6b1uq5t6yMJZ

Зајкова: Собранието и владата да ги прифатат предлозите на ЛДП за укинување на банкарските трошоци и кратење на непродуктивните државни трошења

Македонија | пред 1 месец

media-library9lrdms959j756mpCku2

Зајкова го поднесе предлог законот за електронска нараквица за следење на насилниците во Собранието

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања