Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Западнонилската треска однесе прва жртва во Холандија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryru33gus5snuq208c5cg
Илустрација

Холандија ја регистрираше првата смртна последица од вирусот Западен Нил откако тој повторно беше откриен во земјата по пауза од пет години. Смртниот случај е регистриран во провинцијата Утрехт, соопшти Националниот институт за јавно здравје и животна средина.

— реклама —

Вирусот минатата недела за првпат од 2020 година беше потврден кај крводарител од провинцијата Утрехт, кој немал патувано во странство. Тоа укажува дека инфекцијата се пренесува и во самата Холандија.

— реклама —

Случаи на вирусот се потврдени и во Северен Брабант и Јужна Холандија, додека две лица се хоспитализирани, пренесува јавниот сервис НОС.

— реклама —

И покрај новите случаи, холандските здравствени власти оценуваат дека ризикот од заразување во земјата и понатаму е низок. Сепак, предупредуваат дека инфекцијата често може да помине незабележано, бидејќи околу 80 проценти од заразените лица немаат никакви симптоми.

— реклама —

Вирусот Западен Нил најчесто се пренесува преку убод од заразен комарец, а кај дел од заразените може да предизвика сериозна невроинвазивна форма на заболувањето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryj0j81cq8c6j82hXjPxN

Холандија најави 500 милиони евра воена помош за Украина

Свет | пред 2 седмици

— реклама —
media-library3vpfth01mcl61IhxLif

Во Холандија е еутаназирано првото неизлечиво болно дете, имало речиси две години

Свет | пред 1 месец

media-librarycjltkneste6ob36nR37

Повисокиот данок не ги одврати туристите: Холандија во јули ја посетиле 3,36 милиони гости

Патувања | пред 1 месец

media-library8cd0jpv0aak195JEOFQ

Вирусот на Западен Нил се шири во Холандија: девет заразени и еден починат

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања