Промени тема
Контакт

Започна дводневниот младински фудбалски турнир во Бардовци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-libraryk3qns29h8q8t5svQXj8

Во рамки на манифестацијата „Карпошово културно лето 2026“, претпладнево на фудбалските терени на ФК „Лепенец“ во Бардовци започна дводневен младински фудбалски турнир.

— реклама —

На турнирот учествуваат 32 екипи, поделени во две генерации – 2016 и 2017 година, со по 16 екипи во секоја категорија. Целта на спортскиот настан е промоција на спортските вредности, фер-плејот, другарството и здравиот развој на најмладите преку спортот.

На турнирот присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој истакна дека спортот им овозможува на младите да го развиваат својот потенцијал, но и да стекнуваат дисциплина, одговорност и здрави животни вредности.

— реклама —

Како знак на благодарност за поддршката на развојот и промоцијата на спортот, претседателот на ФК „Лепенец“, м-р Игор Божиновски, му врачи благодарница на градоначалникот Лукровски.

— реклама —

Општина Карпош е покровител на спортскиот настан, а од локалната самоуправа најавуваат дека и во иднина ќе продолжат со поддршка на спортските настани, младите спортски таленти и турнирите.

Градоначалникот Лукровски денеска го посети и храмот „Св. Троица“ во Бардовци, каде вечерва ќе се одржи последната вечер од „Карпошово културно лето 2026“.

— реклама —

Во дворот на црквата најпрво ќе настапи фолклорниот ансамбл „Етнос“, по што следува музичка програма со фолк-пејачите Душко Георгиевски, Миле Кузмановски и Зуица Лазова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2025-08-05-at-21.29.35

Убиецот од Бардовци, преместен во притвор во Шутка: ќе биде изолиран од останатите притвореници

Македонија | пред 1 година

— реклама —
WhatsApp-Image-2025-08-07-at-15.54.20_60788882

Истрага за убиството во Бардовци: Спасов се гони за убиство, а се бара и притвор - се проверува и како се спроведувало лекувањето во психијатриската болница од каде излегувал, а и објавувал насилни сн...

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2025-08-05-at-21.29.35

(Видео) Кој е убиецот од болницата во Бардовци: Слободно шетал, пиел по кафеани, снимал насилство

Скопје | пред 1 година

D0D1C6E2-B7E4-41EB-8715-8C735918ECFD_1_105_c

Крвава тепачка во Бардовци, осуденик со стаклено шише усмртил друг осуденик!

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања