Промени тема
Контакт

Започна најсветата, Страдална недела

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryaul941pp9l2nbOF77wk

Последната недела пред најголемиот христијански празник Велигден е позната како Страдална или Страстна седмица и е посветена на споменот на последните денови од земниот живот на Исус Христос, неговите страдања, смртта и погребението.

— реклама —

Оваа недела се нарекува и Велика седмица поради значењето на настаните кои се случиле во неа. Светата Црква го објаснува значењето на овие денови:

— реклама —

„Во таа седмица е пресудена древната тиранија на ѓаволот, победена е смртта, врзан е силниот (ѓаволот) и уништено неговото оружје, искупен е гревот, симната е клетвата и рајот е отворен. Тогаш небото престанало да биде недостапно. Луѓето се зближиле со ангелите. Оттргната е преградата што ги разделувала луѓето од Бога. Границите се избришани. Бог на мирот ги измирил небесното и земното“.

— реклама —

Традицијата налага во овој период христијаните да ги зголемат молитвите и постот, практикувајќи дела на милосрдие и љубов. Низ историјата, во овие денови се прекинувале сите судски спорови и обвиненија, а во духот на простувањето се ослободувале и затвореници кои немале направено големи престапи.

Во однос на исхраната, црковните правила предвидуваат строг пост.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjh5focvnr7dv3FbX14S

Филипче: Велигден дава надеж и сила за нови почетоци и подобро општество

Македонија | пред 5 месеци

— реклама —
media-libraryp3h0ceat54uk06Qod26

(Видео) Илјадници верници пред Соборниот храм за Велигден

Скопје | пред 5 месеци

media-library4tgr9n4bml948b9Ir6h

Три пролетни цветови што, според обичаите, се внесуваат дома за Велигден: лале, крин и ѓурѓевак

Трендови | пред 5 месеци

media-library9hrja09rio3s00Jmy68

Велигденска порака од Сиљановска-Давкова: Светлината да надвладее над темнината

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања