Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Започна третото издание на „Охрид џез фестивал“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

ОО
FB_IMG_1755936284147

Со етно-џез концерт на „Чалгија Саунд Систем“, вчеравечер во предворјето на црквата „Света Софија“ започна третото издание на „Охрид џез фестивал“ кој се организира под покровителство на Општина Охрид.

На свеченото отворање на фестивалот пред присутните се обрати Претседателот ја Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски.

Драги љубители на музиката, Вечерва, Охрид дише поинаку. Дише со срцето на музиката, со душата на џезот, со трепетот на очекувањето. Вечерва jа отвораме третата страница од музичката приказна наречена ,,Охрид Џез фестивал”.

‎Џезот не е само звук. Тоа е емоција што не се објаснува, туку се чувствува. Џезот е музика на слободата и душата. Големиот Луис Армстронг рекол: „Џезот не е само музика, туку начин на живот, начин на чувствуваье, начин на постоење.” Ние вечерва сме тука за да го почувствуваме токму тоа – слободата на звукот, магијата на ‎импровизациіата и силата на заедништвото.

‎Оваа година, од 22 до 24 август, имаме чест да уживаме во настапите на уметници кои не само што свират, туку и живеат преку музиката.

— реклама —

Како што ни порачува и нашиот Ацо Шопов: „Уметноста е глас на човекот што сака да остане човек.”, така џезот е токму тој глас – универзален, мокен и вечен.

Нека овие три фестивалски вечери бидат потсетник дека музиката нема граници и дека џезот значи слобода, но не можеш да ја научиш ако не знаеш што значи дисциплина.

‎Конески ни порача: ,,Јазикот е нашата татковина”, а вечерва, џезот станува јазикот што не познава граници — татковина на чувствата, на слободата, на заедништвото.

— реклама —

Нека оваа музика зборува таму каде што зборовите молчат, и нека ги обедини Охрид и Македонија во една заедничка симфонија на духот.

Со убава мисла, со радост и гордост го прогласувам третиот „Охрид Џез фестивал” за отворен. Ви посакувам незаборавни вечери исполнети со звук кој ќе остане да одекнува во душите на сите нас, истакна Божиновски во своето обраќање.

— реклама —

‎Во рамки на фестивалската програма, вечерва на истата сцена, со почеток во 20:30 часот ќе настапи познатиот македонски џез изведувач Павле Камилоски.

‎Влезот на концертот е бесплатен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjviec318d2gs8q8fGhd

Во недела во Охрид стартува музичкиот караван за 35 години независност

Македонија | пред 12 часа

media-library4susnij26bgr3UZtPeJ

(Видео) Ечеше „Бисер балкански“ и „Лихнида“ во Охрид: Млади улични артисти собраа публика како на концерт

Магазин | пред 22 часа

media-librarycpcdcuujs6rvdaLLCZF

(Видео) Сакаат да ја избегнат утрешната гужва, заглавија вечерва: долги колони од Охрид кон Скопје

Македонија | пред 2 дена

media-libraryvo0qqe4h52a392pOjWG

Драма во Охрид: Со нож му барал пари на малолетник, нападнал и скопјанец

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања