Започнува Божиќниот пост – време за молитва, воздржување и духовно приближување кон Бога

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
KATOLICKI_BOZIK_21122019-e1577190409946

Во Македонската православна црква денес започнува Божиќниот пост, четириесетдневен период на духовна подготовка за Христовото Раѓање. Постот не е само воздржување од мрсна храна, туку и од лоши мисли, гревовни навики и секојдневни искушенија што го оддалечуваат човекот од Божјата благодат.

— реклама —

Целта на постот, како што учи Црквата, е човекот да се ослободи од товарот на суетата и да се приближи кон Бога преку молитва, смирение и правење добри дела. Врв на постот е Светата причест – моментот кога верникот се соединува со Христос, што претставува и конечна цел на секое постење.

— реклама —

Божиќниот пост трае четириесет дена, од 28 ноември до 6 јануари. За разлика од Велигденскиот пост, тој е „помек“ и со поприлагодени правила, со дозволен зејтнин и риба на одредени денови, но суштината останува иста – духовно очистување и влегување во празникот на Христовото раѓање со мир, љубов и благодарност.

— реклама —

Верниците не треба постот да го сфаќаат како диета, туку како пат кон смирение и преобразба – време кога се простува, се помага, се љуби и се гради мир дома и меѓу луѓето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

badnik-i-bozhikj-praznici-na-semejstvoto-214496

Од бадниковата вечер до божиќната радост: обичаи што го чуваат духот на заедништвото и раѓањето на животот

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2025-04-20-at-09.02.21

Христос воскресе: Православните верници го прославуваат најголемиот христијански празник Велигден

Македонија | пред 9 месеци

velikipetok-620x360-115194

Велики петок – обичаи и верувања

Магазин | пред 9 месеци

sv-ignat

Тоа што ќе го правите денес ќе го правите цела година, ова се народните обичаи и верувања за Св. Игнат

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања