Промени тема
Контакт

Заради купување на оружје се кратат пари од ранливите категории, тврди Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-05-28-at-11.50.20

„Нагласеното зголемување на средствата за воените расходи и милитаризација за сметка на намалување на социјалната и еколошката компонента во буџетот е алармантен показател за приоритетите на оваа власт. Буџетот за одбрана и купување оружје од САД, е зголемен за 13%, додека, власта на ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ на сопствените граѓани, односно лицата од социјални категории, по одредени параметри им скратува неверојатни 40%“, велат од Левица и додаваат:

— реклама —

Економската стратегија на актуелната Влада не само што е заснована на истиот модел од претходната на ДУИ и СДС, туку одлучи и да крати од ранливите категории. Особено е алармантно што буџетот за социјална заштита за деинституционализација и социјални услуги се намалува за 44,6%, што значи 245,401 денари помалку. За споредба, буџетот во одбраната, достигнува рекордни 20,5 милијарди денари. Ова е класична илустрација на владините приоритети.

— реклама —
— реклама —

Дополнително, додека македонските граѓани дишат најзагаден воздух во Европа, изгорена е шума вкупно 4% од територијата на земјата за само едно лето, во делот за заштита на животната средина, буџетот за квалитет на воздухот е намален за вртоглави 33,1%, што не само што нема да ја подобри ситуацијата, туку и директно ќе нанесе сериозни последици врз здравјето на населението.

— реклама —

Левица направи голем број на амандмански интервенции, каде се предлага алтернативи за поинаква, поефикасна и поодржлива распределба на средствата. Наместо милијардите за воена опрема и вазалско следење на странските насоки за непотребно вооружување, бараме овие ресурси да се пренасочат во фондови за социјална заштита и влог во екологијата, кои имаат егзистенцијално значење за голем дел од населението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 1 ден

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Струјата е „евтина“ само на хартија, но најмногу тежи на џебот на народот - Левица бара реформа на тарифниот систем

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања