Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Засилени контроли низ државата: Санкционирани 1.594 возачи на мотори и електрични тротинети

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
policija-2

Министерството за внатрешни работи информира дека во рамки на засилените акциски контроли насочени кон возачите на мотоцикли, мопеди, велосипеди со помошен мотор и електрични тротинети, на територијата на целата држава биле санкционирани вкупно 1.594 прекршоци.

— реклама —

Според МВР, реализирани биле 246 акциски контроли и 58 превентивни активности. Од вкупниот број прекршоци, 1.417 се однесуваат на возачи на велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли, 174 на возачи на електрични тротинети, а три прекршоци биле констатирани кај велосипедисти.

— реклама —

Најчест прекршок кај возачите на мотоцикли и мопеди било некористењето заштитна кацига, при што биле евидентирани 962 случаи. Дополнително, 145 возачи управувале под дејство на алкохол, а 70 биле затекнати без соодветна возачка дозвола. Во текот на акцијата биле одземени и 41 мотор.

— реклама —

Кај возачите на електрични тротинети најмногу прекршоци се однесувале на движење по несоодветни површини, некористење на предвидените патеки, користење мобилни уреди при управување, како и управување од лица помлади од 14 години.

— реклама —

Од Министерството најавуваат дека засилените контроли ќе продолжат и во наредниот период, упатувајќи апел до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста и намалување на бројот на сообраќајни незгоди.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 16 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 16 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања