„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Застој во борбата против криминалот: Пет обвинители кои гонеа организиран криминал останаа без мандат поради ненавремениот избор од Советот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library271n70jac5nfbQSOCoz

Советот на јавни обвинители ја одложи седницата за избор на пет нови обвинители за ОЈО-ГОКК, со што се кочи работата на обвинителството бидејќи на пет обвинители им истекува мандатот и нема да можат да постапуваат по предмети. Наместо 12, обвинителството би работело со седум обвинители. Веќе се појави прв ефект: одложено е рочиштето за предметот за тројца полицајци во Кочани, каде обвинителка е Ивана Алексова-Трајчева. Одложувањата и поништувањата на огласи станале пракса, а се претпоставува дека се чека изборот на новиот државен обвинител Ненад Савески.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Советот на јавни обвинители ја одложи седницата закажана за во среда, кога требаше да се одржи изборот на нови пет обвинители кои ќе работат во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Со ова, стави кочница во работата на ова Обвинителство, бидејќи пет обвинители од утре немаат мандат за да работат на предметите кои им се доделени.

„Седницата на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија закажана за ден 18.03.2026 година, се одлага.  За терминот за одржување на 40-тата седница со предложениот дневен ред, јавноста ќе биде дополнително информирана со соопштение на веб страницата“, велат од Советот.

— реклама —

Ова пак, го донесе првиот „нус“ ефект, се одложи рочиштето за полицајците каде обвинителка е Ивана Алексова-Трајчева.

— реклама —

„Предметот за тројцата полицајци за Кочани, закажан за утре по барање на ОЈО-ГОКК се одлага. Новиот датум ќе биде соопштен утре“, соопштија од Кривичен суд

— реклама —

Доколку во текот на утрешниот ден, не биде направен избор на обвинители за гонење организиран криминал, обвинителките Марија Ѓоргева, Валентина Беслимовска, Енѓелуше Кадриу-Леши, Ивана Алексова-Трајчева и Сузана Мирческа-Кузмановска нема да смеат да преземаат никакви дејствија. Обвинителството наместо со 12, ќе работи со седум обивнители.

Ова не е првпат ненавремено да се направи избор на обвинители, туку истото прерасна во пракса изминативе години. Се паметат и случаи со поништување на огласи, со што постапката се одолговлекува. Одложувањето на изборот закажан за утре е веројатно поради тоа што се чека изборот на новиот државен обвинител, Ненад Савески, кој истовремено, согласно функцијата, ќе биде и член на Советот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryl1eaujscnrp0f3HuvQY

Ленче Ристоска преку СМС го известила Савески дека си заминува: Од медиумите ги дознав причините

Македонија | пред 1 седмица

Screenshot-2025-08-01-at-12.06.16

Ленче Ристоска поднесе оставка, заминува од Обвинителството: Нема услови за работа

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryjeifrmc3923n0xTSp1W

Потпишан колективен договор меѓу судската администрација и Кривичен суд: Тие се тивка и суштинска поддршка

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryp2dfqniqeossffhhmkH

Советот на обвинители ја одби Ленче Ристоска: Нема докази за политички притисоци

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања