Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Затворен главниот приод кон аеродромот поради сообраќајка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library9j8fft04sbtj2zgDmXO
Скопје1.мк

Патниците кои денеска се упатуваат кон Меѓународниот аеродром Скопје ќе мора да користат алтернативен пристап, откако утринава се случила сообраќајна незгода во непосредна близина на аеродромот.

— реклама —

Поради несреќата, прекинат е сообраќајот на автопатот Куманово – Велес, кај клучката „Меѓународен аеродром Скопје“, односно на исклучокот од правецот на Скопје кон аеродромот.

— реклама —

Од ЈП „Македонија пат“ информираат дека возилата се пренасочуваат преку клучката Рафинерија, од каде повторно можат да се вклучат кон аеродромскиот комплекс.

Од ТАВ Македонија соопштија дека поради незгодата е изменет и режимот на движење кон терминалната зграда.

— реклама —

„Поради сообраќајна незгода на главниот приод кон терминалната зграда на Меѓународниот аеродром Скопје, сите возила кои доаѓаат од правец на Скопје се пренасочуваат. Апелираме граѓаните да го користат излезот што води кон стариот влез на аеродромот, односно кон старата аеродромска зграда“, информираат од аеродромскиот оператор.

— реклама —

Во моментов нема информации кога главниот приод кон аеродромот повторно ќе биде отворен за сообраќај.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryntpro4bu5nb97HKk4Kg

Граѓани снимиле камион кој истурал отпад во Аеродром, инспекциските служби веднаш реагирале

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryol0d1jb71ovg20k6aK5

Општина Аеродром ослободува паркинг-места: Се отстрануваат старите и напуштени возила

Скопје | пред 2 дена

media-librarybmk019jm58sj9WAoOPC

Отстранети 400 тони отпад од диви депонии и јавни површини во Аеродром

Скопје | пред 5 дена

media-libraryo49r79nrg16a806ecoG

Градоначалникот на Аеродром ја објави како пример за неодговорност поради оставање стар мебел покрај контејнер, таа во коментар му врати: „Платив за подигање, очекувам извинување“

Скопје | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања