Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Затворени се избирачките места во Брвеница, се очекуваат првичните резултати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
drzavna-izborna-komisija-izbori

Заврши гласањето на предвремените локални избори за градоначалник на Општина Брвеница, а граѓаните ги очекуваат првичните резултати од изборната трка. Според податоците објавени до 18:30 часот, на гласање излегле 7.241 граѓани, односно 44,57 отсто од вкупно запишаните избирачи.

— реклама —

Во Избирачкиот список се евидентирани 16.256 граѓани. Од нив, 449 се на привремена работа во странство, а девет избирачи се наоѓаат во затвор или притвор. Гласањето се одвиваше на избирачките места во десетте населени места во општината.

— реклама —

Изборите се одржуваат по ненадејната смрт на дотогашниот градоначалник Јовица Илиевски, кој почина на 23 јуни 2026 година, на 58-годишна возраст. Во изминатите месеци функцијата вршител на должноста градоначалник ја извршуваше Роберт Милошески.

— реклама —

За градоначалничката функција се натпреваруваат шест кандидати. Стојанчо Радически е кандидат на коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Радески е кандидат на коалицијата предводена од СДСМ, Јакуп Усеини настапува од коалицијата ВРЕДИ, а Аркин Јахији е кандидат на Националната алијанса за интеграција (НАИ). Во трката учествуваат и независните кандидати Душан Богдановски и Арифе Идризи.

— реклама —

Избирачките места беа отворени во 7 часот наутро, а по завршувањето на гласањето се очекуваат првичните резултати што ќе покажат кој кандидат ја добил поддршката од граѓаните на Брвеница.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryu3d984ho3fbl62JR2FP

(Фото) Со авиони доаѓале на гласање во Брвеница, Јахији ѝ се заблагодари на дијаспората

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryviuutf0quk3v3rHWbHl

(Видео) Со извици „УЧК“, ДУИ си славеа победа на Аркин Јахиј во Брвеница

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryjnscfc76j0890dhLDwF

Аркин Јахиј е нов градоначалник на Брвеница

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryhkosigcurnedbW9Wm5B

Во Брвеница гласаат болните и немоќните лица и затворениците: Право на глас имаат 116 лица

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања