Завршена приказна е пратеничката која го блокираше Законот за бранители, изгубена доверба значи оставка, вели Кекеновски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Коментари
kekenovski-dauti-

Професорот Јове Кекеновски смета дека пратеничката Илире Даути на која и беше изгласна недоверба, не може да биде претседател на собраниската комисија каде беше заглавен Законот за бранители.

— реклама —

„Пратеничката Илире Даути не може и понатаму да ја извршува функцијата Претседател на собраниската комисија. Таа ја изгуби довербата на своите колеги. Во современи и демократски држави изгубената доверба автоматски значи оставка и тоа се прави на мирен, цивилизиран, доброволен и достоинствен начин - а собраниското мнозинство само ја констатира оставката.

Доколку не си поднесе оставка тогаш на потег е Комисијата за избори и именувања која треба да предложи друг кандидат за претседател на комисијатата и Собранието да изгласа нов претседател. Нека прекинат пратениците да импровизираат и погрешно да ги интерпретираат одредбите од Деловникот за работа на Собранието. Приказната е завршена“, напиша тој.

— реклама —

Илире Даути очекува претседателот на Собранието Африм Гаши да свика пленарна седница, на која ќе биде укинат заклучокот што беше усвоен минатиот петок во врска со барањето за нејзино отповикување од позицијата претседател на Комисијата за социјална политика.

Тоа што беше изгласана интерпелација на пратеничката Илире Даути за позицијата претседателка на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, нема правни последици, повтори денеска, 14 јануари, претседателот на Собранието Африм Гаши, по низата партиски реакции.

„Важно е да се напомне дека интерпелацијата, по својата природа, не носи правни последици или ефекти. Мојата улога како Претседател заврши по завршувањето на процесот на интерпелација, како што се случи во случајот со интерпелацијата поднесена против мене пред неколку месеци. Прашањата како што се разрешувања или оставки се процедури на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, пратеничките групи или пратениците“, вели Гаши.

Илире Даути не дозволуваше Законот за бранители да биде ставен на дневен ред и го блокираше. Поради ова беше поднесена интерпелација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања