Во изминатите денови асфалтирана беше сервисната уличка до хотел „Хилтон“ во Општина Аеродром.
„Екипите на ЈП Улици и патишта, деновиве асфалтираа пристапна површина од 550м2 од булевар АСНОМ кон сервисна уличка до хотел “Хилтон” во Општина Аеродром.
Санирана е и површината на постојаната сервисната улица во 1100м2, со вградена асфалтна маса, а поставени се и нови бетонски каналетки по должината на улицата што ја спроведуваат водата до сливниците“, велат од Град Скопје.
