Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Зелен хуман град: Ископувањето антимон не значи развој, туку загадување и ризик што трае со децении

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 часа -

Македонија
media-librarybo1uevbt8nukbbWM3I2

„Зелен хуман град“ предупредува дека отворањето нови рудници носи долгорочно загадување на почвата и водите и сериозни здравствени последици, повикувајќи на одржливи решенија наместо „еколошки бомби“. Како пример го наведуваат пукањето на јаловишна брана во Србија (2014) со големо токсично излевање. Посочуваат дека и затворени јаловишта, како Крстов Дол кај Крива Паланка, и по децении продолжуваат да загадуваат и дека антимонот и тешките метали влегуваат во храната. Иницијативата бара институциите да спречат нови јаловишта, укажува на слабата здравствена инфраструктура во близина и ги повикува граѓаните да се организираат против рударските проекти.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ предупредува на сериозните ризици од отворање нови рудници во земјава, посочувајќи дека ваквите проекти носат долгорочно загадување на почвата и водите, како и сериозни последици по здравјето на граѓаните. Преку конкретни примери од регионот и состојбите во Македонија, од граѓанската иницијатива апелираат институциите и јавноста да не дозволат нови „еколошки бомби“ и да се насочат кон одржливи решенија.

„Во мај 2014, за време на големите поплави во Србија пукнала браната за јаловина на рудникот за антимон (Sb) „Столице“. Се ослободила огромна количина токсична јаловина, околу 100.000 м3 и се поплавиле десетици хектари земјиште. Имало загадување на околу 27 км речно корито на Костајничка и Коренита Река.

— реклама —

Студиите во Србија покажувале огромно загадување на почвите и водите со арсен, антимон олово цинк и кадмиум. Многу загрижувачки е што јаловиштето на рудникот Столице било затворено (неактивно) и се сметало за „стабилно“, а јаловиштата во стариот рудник за антимон Крстов Дол во Македонија не се сметаат за безбедни, напротив и по 50 години неактивност, интензивно ги загадуваат почвата и водата во околината на Крива Паланка.

Кога се ископува антимон заедно со други тешки метали завршува во реките и подземните води. Киселинскиот, рударски отпад може да загадува со години – дури и кога рудникот ќе се затвори како што и сега е случај кај нас. Антимонот се таложи во земјата од каде што влегува во растенијата и на крај завршува во храната што ја јадеме.

— реклама —

Бројните заболувања што може да ги имаат луѓето од несанираниот рудник за антимон во МК ги опишавме во претходна објава. Македонија е мала земја и не може да си дозволи нови јаловишта или депонии со токсичен отпад како што се огромниот број на темпирани бомби: запуштени рудници и депониите со токсичен отпад на Југохром, Охис итн.

Рудникот Крстов Дол се наоѓа на 2 км воздушна линија од с. Луке и 14 км воздушна линија од Крива Паланка. С. Луке патем, нема амбуланта, а најблискиот здравствен дом во Крива Паланка им е оддалечен околу 30 километри, што за тамошните жители кои се најмногу загрозени од рудникот претставува дополнителна потешкотија.

Ископувањето антимон не значи развој, туку загадување и ризик што трае со децении за да може поединци да се богатат на сметка на здравјето на Македонците. Кај нас е воспоставена пракса некој да отвори рудник или загадувачка индустрија, да експлоатира колку може повеќе со миниум стандарди за поголем профит и на крај да прогласи стечај и да го остави несаниран рудникот / депонијата да ја уништува животната средина и здравјето на луѓето со децении!

Да не дозволиме краткорочен профит на властите да ни ги уништи водата, почвата и здравјето на нас и на идните генерации. Само од рак во МК умирааат околу 4.000 луѓе годишно! Да инвестираме во решенија што не ја уништуваат средината – затоа што општество што си ја труе природата, си ја труе и иднината.

Ги повикуваме жителите на Крива Паланка да се организираме и приклучиме на борбата против рудниците на смртта, заедно со струмичани, гевгеличани и прилепчани, кои веќе со години успешно ја бранат природата од канџите на криминалци и експлоататори“, велат од Зелен хуман град.

media-libraryrurlvm1gji9g0ln73OQ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr88737eo7sl07CQrx3O

ЗХГ: БРТ не смее да ги уништи „белите дробови“ на Скопје и да го доведе во ризик водоснабдувањето од Рашче

Скопје | пред 2 месеци

— реклама —
media-library9d1221373vnl9jipQTa

ЗХГ: Советот на Град Скопје дозволи наплата на паркинг во дивоградба што во Катастар се води како деловен простор

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryijho06ujh12f5qQZQWx

ЗХГ предупредува: Советот не смее да гласа милиони без јасен проект за „Цветан Димов“

Скопје | пред 2 месеци

FB-ZHG

Зелен хуман град ја откажа промоцијата на кандидатката за градоначалник на Скопје

Скопје | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања