Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Зеленски до ЕУ: „Неправда е Украина да нема глас во Унијата“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
Screenshot-2025-08-17-at-20.54.17

Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати писмо до лидерите на Европската Унија во кое го оцени како неправеден германскиот предлог за Украина да добие само придружно членство без право на глас.

— реклама —

Во предлогот на германскиот канцелар Фридрих Мерц се наведува дека Украина би можела да учествува на состаноци на ЕУ без право на глас како преодна фаза кон полноправно членство, што би можело да помогне во напорите за завршување на војната предизвикана од руската инвазија.

Во писмото, испратено до претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и кипарскиот претседател Никос Христодулидес, Зеленски оценува дека таквото решение би било неправедно.

— реклама —

„Би било неправедно Украина да биде присутна во Европската Унија, но да остане без глас. Време е да се оди напред со членството на Украина на целосен и значаен начин“, навел Зеленски.

— реклама —

Тој додал дека неодамнешните политички промени во Унгарија создаваат нова можност за напредок во преговорите за пристапување.

Зеленски им се заблагодарил на европските лидери за поддршката за време на војната и истакнал дека Украина претставува бедем против руската агресија за целата Европска Унија.

— реклама —

„Ја браниме Европа целосно, а не делумно. Украина заслужува праведен пристап и еднакви права во Европа“, порачал украинскиот претседател.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

zelenski-putin

Зеленски: Русија одби разговори за запирање на нападите, Путин сака да продолжи со војната

Свет | пред 1 ден

— реклама —
zelenski-putin

Зеленски: И јас можам да му нацртам мапа на Путин, на која целосно ја окупирам Русија

Свет | пред 2 дена

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Зеленски најави нови кадровски промени во украинските вооружени сили

Свет | пред 6 дена

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Зеленски подготвен за средба со Путин во Турција

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања