Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Зеленски до пратениците на Трамп: Прво посетете го Киев, па потоа Москва

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryaf34qbtgoaopcKfb0uG
Фото: Фејсбук/Володимир Зеленський

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека очекува американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер да го посетат Киев во текот на следните две недели.

Во интервју за Си-Би-Ес, Зеленски рече дека добил информација од својот преговарачки тим дека двајцата американски претставници се подготвени да допатуваат во Украина, иако конечната одлука може да зависи од развојот на настаните на Блискиот Исток.

— реклама —

„Сметаме на нивното доаѓање во Киев. Се надевам дека ќе најдат можност да дојдат во следните две недели“, изјави Зеленски.

— реклама —

Тој нагласи дека е важно американскиот тим лично да ја види состојбата во Украина и да разговара со луѓето кои живеат во услови на војна.

„Никогаш не биле тука. Мислам дека е важно да ги видат луѓето и да разберат дека ние сакаме да ја запреме оваа војна. Целта е да се запре Русија“, рече украинскиот претседател.

— реклама —

Зеленски додаде дека доколку американските претставници планираат повторно да ја посетат Москва, би било корисно најпрво да дојдат во Киев.

— реклама —

„Ако сакаат да одат во Москва, треба прво да дојдат во Киев, па потоа да заминат за Москва“, порача тој.

Посетата на Виткоф и Кушнер беше најавена уште во април, но според претходни медиумски извештаи, американската страна сметала дека во тој момент нивното учество во мировните разговори нема да донесе конкретни резултати.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Зеленски најави нови кадровски промени во украинските вооружени сили

Свет | пред 20 часа

— реклама —
media-library7njld19fesuabfYGi6y

Зеленски подготвен за средба со Путин во Турција

Свет | пред 5 дена

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Зеленски е подготвен лично да разговара со Путин за територијалните прашања

Свет | пред 1 седмица

media-librarytlcqb15n5hba1m2XP36

Зеленски во сабота ќе оди во Турција, каде што ќе разговара со Ердоган за војната во Украина

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања