Промени тема
Контакт

Зеленски: Ноќеска нападнавме две руски рафинерии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library54ga6e29pir3diXi9yC

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека украинската армија во текот на ноќта извршила напад со дронови врз две руски рафинерии.

Зеленски потврди дека цел на нападот била рафинеријата во Славјанск на Кубан, на југот на Русија, за која руските власти претходно информираа дека била погодена.

— реклама —

„Погодивме и рафинерија во Јарославската област, која се наоѓа на околу 700 километри од нашата граница“, напиша Зеленски на Телеграм, иако оваа информација засега не е независно потврдена.

Тој најави дека Украина планира и натамошни напади врз стратешки руски цели.

— реклама —

„Секој наш напад со долг дострел ги намалува ресурсите што ѝ се достапни на руската воена машина и претставува чекор кон мирот“, порача Зеленски.

— реклама —

Рафинеријата во Јарослав се смета за една од најголемите во Русија и во изминатиот период неколкупати беше цел на украински напади, при што беше предизвикана материјална штета.

Локалните власти во Јарослав засега не го потврдија нападот, иако гувернерот Михаил Евраев претходно предупреди на опасност од напади со дронови и информираше дека во близина на рафинеријата биле поставени блокади.

— реклама —

Во меѓувреме, гувернерот на Краснодарската област, Венијамин Кондратјев, соопшти дека во напад со украински дрон избувнал пожар во рафинеријата во Славјанск на Кубан, при што едно лице загинало.

Според руското Министерство за одбрана, во текот на ноќта биле соборени 213 украински дронови над различни руски региони, што укажува на уште еден масовен напад од украинска страна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз руските рафинерии

Свет | пред 19 часа

— реклама —
media-librarytlcqb15n5hba1m2XP36

Зеленски: Украина префрли двајца севернокорејски заробеници во Јужна Кореја

Свет | пред 1 седмица

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Киев и Вашингтон сакаат војната да заврши пред зимата, Зеленски бара посилна воздушна одбрана

Свет | пред 1 седмица

media-library54ga6e29pir3diXi9yC

Холандија ѝ дава дополнителни 327 милиони евра на Украина за обнова

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања