Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Зеленски: Русија подготвува нов масовен напад врз Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryg8tf4rvi3utldkAVnRX

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Русија подготвува нов масовен напад, повикувајќи се на разузнавачки информации со кои располага украинската страна.

— реклама —

По состанокот со министерот за надворешни работи, Зеленски изјави дека е важно меѓународните партнери на Украина да бидат целосно информирани за актуелната состојба.

— реклама —

„Важно е сите наши партнери да знаат што се случува и дека Русија и понатаму се потпира на проектили и продолжување на војната, а не на дипломатски чекори“, изјави украинскиот претседател.

Тој оцени дека ваквиот развој на настаните покажува оти е неопходно дополнително зајакнување на притисокот врз Москва преку нови санкции.

— реклама —

„Тоа значи дека е потребен дополнителен притисок со санкции врз Русија и дека спроведувањето на нашите договори за противвоздушна одбрана со партнерите не смее да се одложува“, додаде Зеленски.

— реклама —

Изјавата доаѓа во време на засилени борбени дејствија и меѓусебни напади меѓу Украина и Русија, додека Киев продолжува да бара поголема воена и безбедносна поддршка од западните сојузници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Зеленски најави нови кадровски промени во украинските вооружени сили

Свет | пред 12 часа

— реклама —
media-library7njld19fesuabfYGi6y

Зеленски подготвен за средба со Путин во Турција

Свет | пред 5 дена

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Зеленски е подготвен лично да разговара со Путин за територијалните прашања

Свет | пред 1 седмица

media-librarytlcqb15n5hba1m2XP36

Зеленски во сабота ќе оди во Турција, каде што ќе разговара со Ердоган за војната во Украина

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања