Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Зеленски: Русија сака подлабоко да ја вовлече Белорусија во војната

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-library2h6ls2otr4ub4w7WSdS
screenshot youtube

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија продолжува со обидите подлабоко да ја вовлече Белорусија во војната и најави дека украинските сили подготвуваат план за одговор.

Одлуката била донесена по состанок со воениот врв, разузнавачките служби и Службата за безбедност на Украина, објави Зеленски на мрежата Икс.

— реклама —

„Забележавме нови контакти меѓу Русите и Александар Лукашенко со цел да го убедат да се приклучи на нови руски агресивни операции“, изјави Зеленски.

— реклама —

Според него, Москва разгледува можни операции јужно и северно од белоруската територија, односно во правец на Чернихив и Киев, или директно против некоја членка на НАТО од белоруска територија.

Зеленски нагласи дека Украина располага со информации за содржината на разговорите и порача дека ќе реагира доколку Лукашенко одлучи да ги поддржи руските планови.

— реклама —

„Им наредив на нашите одбранбени и безбедносни сили да го засилат тој правец и да подготват план за одговор, кој ќе биде разгледан и одобрен на седница на Генералштабот“, додаде украинскиот претседател.

— реклама —

Тој потсети дека уште на почетокот на мај Украина регистрирала „многу специфични активности“ во Белорусија во близина на украинската граница.

„Сè внимателно следиме и, доколку биде потребно, ќе одговориме. Украина е подготвена да го брани својот народ и својот суверенитет“, порача Зеленски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Зеленски најави нови кадровски промени во украинските вооружени сили

Свет | пред 22 часа

— реклама —
media-library7njld19fesuabfYGi6y

Зеленски подготвен за средба со Путин во Турција

Свет | пред 5 дена

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Зеленски е подготвен лично да разговара со Путин за територијалните прашања

Свет | пред 1 седмица

media-librarytlcqb15n5hba1m2XP36

Зеленски во сабота ќе оди во Турција, каде што ќе разговара со Ердоган за војната во Украина

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања