Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз руските рафинерии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска најави дека Украина ќе ги засили нападите врз руските рафинерии за нафта, како одговор на, како што тврди, новата руска политика на воздушни напади врз инфраструктурата.

— реклама —

Зеленски рече дека Украина нема да напаѓа цивили, но ќе продолжи со напади врз руската нафтена инфраструктура.

— реклама —

Тој посочи дека украинската разузнавачка служба добила документи за кои тврди дека покажуваат оти рускиот претседател Владимир Путин издал „нова доктрина“ за напади, со поширок опфат на цивилни цели пред претстојната зима.

„Ги видовме документите и знаеме дека им е дозволено да напаѓаат инфраструктура… логистика… патишта, училишта, болници, со цел да извршат притисок врз луѓето да го напуштат главниот град и другите градови. Тоа е целта на операцијата“, рече Зеленски.

— реклама —

Според него, украинската страна смета дека ваквата тактика има за цел да создаде услови населението да ги напушти Киев и другите украински градови.

Зеленски најави дека Украина ќе одговори со дополнителен притисок врз руската нафтена инфраструктура, но нагласи дека цивилите нема да бидат цел на украинските напади.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd

Зеленски најави можни мировни разговори меѓу Украина, Русија и САД во Абу Даби

Свет | пред 13 часа

— реклама —
Screenshot-2025-08-18-at-19.50.56

„Сè ќе заврши многу лошо“ – Трамп со предупредување до Зеленски ако не сака да ја заврши војната

Свет | пред 2 дена

media-library2h6ls2otr4ub4w7WSdS

Трамп го засилува притисокот врз Зеленски, Виткоф заминува на средба со Путин

Свет | пред 3 дена

Screenshot-2025-08-18-at-19.50.21

Зеленски: Трамп зборува поубаво за Путин отколку за мене, а јас велам дека е убиец

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања