Промени тема
Контакт

Земјоделците од Радовиш повторно ќе останат без вода за наводнување заради лошото менаџирање со браната Мантово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

,,Се соочуваме со сериозна криза во управувањето со водните ресурси, исклучително важни за земјоделското производство. Катастрофалното менаџирање на браната Мантово од страна на АД Водостопанство ја доведува до знак прашалник новата производна сезона за земјоделците од Радовишкото Поле.

Браната Мантово, со својот капацитет од 49,5 милиони м3 вода, треба да обезбеди најмалку 6 милиони м3 за наводнување на земјоделските површини, но во овој момент сме далеку од таа количина и земјоделците имаат на располагање околу 2.6 милиони м3 вода што сериозно го загрозува производството и егзистенцијата на земјоделците од овој регион.

— реклама —
— реклама —

Затворачот на браната Мантово со години беше оставен без потребниот и редовен сервис и заради неажурноста на АД Водостопанство не се санираше виталниот дел на браната, и дополнително неконтролираното испуштање на вода денес донесе браната Мантово да биде скоро на својот биолошки минимум.

— реклама —

Време е за одговорност и заштита на нашите водни ресурси и одржливост на земјоделското производство. Не смееме да дозволиме заради неажурноста на власта и претпријатието да трпат македонските земјоделците.", вели Цветан Трипуновски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library4kd7cu19n25f8YCDIo7

Трипуновски: Обезбедени се дополнителни над 1,5 милијарди денари за поддршка на земјоделците и капитални инвестиции во водостопанство

Македонија | пред 1 месец

media-library6b5ot8g4v7tfdcw99WB

Ангелова: СДС не може да ги поднесе резултатите на министерот Трипуновски во земјоделството, затоа поднесува интерпелација

Македонија | пред 2 месеци

media-librarycjjlrj5sor2oaAtnY6b

Трипуновски: Досега откупени над 60 милиони килограми пролетна зелка, скоро 9 милиони килограми повеќе во споредба со лани

Македонија | пред 3 месеци

media-librarysmmog7m3ar3jfM4u6Ob

Трипуновски од валандовско: Развиено земјоделство значи сигурна иднина за државата

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања