Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Земјотресот е последица на умерена тектонска активност околу Шар Планина, која се поместува, анализира професорот Милевски по земјотресот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Коментари
media-librarydlonu78spq60071FC0j

Редовниот професор на Институтот за географија, д-р Ивица Милевски, по последниот земјотрес даде подетално географско и тектонско објаснување за процесите што се одвиваат на просторот на Косово и западниот дел од Македонија. Тој нагласи дека станува збор за тектонски активен простор, но со умерена, а не со изразено силна активност, како дел од поширокиот систем на планини, раседи и котлини на Балканот.

Според Милевски, причината лежи во вклештеноста на помали микро-плочи на кои се наоѓаат планинските масиви и котлините, под влијание на притисоците од поголемите регионални и континентални плочи – Африканската од југ, нејзиниот сегмент Јадранската плоча (Adria), како и Евроазиската плоча од север и североисток. Притисокот од Јадранската плоча кон североисток ги активира раседните структури во северна Албанија, Косово и западна до северозападна Македонија.

— реклама —

Тој објаснува дека Шарпланинскиот тектонски блок е ограничен со повеќе нормални и хоризонтални раседи, и од косовската и од македонската страна, долж подножјето на Шар Планина. Притисоците од Јадранската плоча се пренесуваат врз овие активни раседи, при што повремено доаѓа до нивно „размрдување“, што се манифестира како земјотрес.

— реклама —

Милевски посочува дека раседите и блоковите околу Шара имаат умерена динамика, особено во североисточниот дел, но тие дејствуваат континуирано со десетици и стотици илјади години. Како резултат на тие процеси, блокот на Шар Планина постепено се изместува, и во височина и кон исток, што, според него, објаснува зошто планината во северниот дел има лачно извиена форма.

Во однос на последниот земјотрес, професорот проценува дека поместувањето на планинскиот блок било во рамки на десетина милиметри вертикално и до неколку сантиметри кон исток, со минимални поместувања и на околните депресии. Според ослободената енергија, настанот бил еквивалентен на експлозија од приближно стотина тони ТНТ.

— реклама —

Тој нагласува дека тектонската активност во овој дел од Балканот е слаба до умерена и дека не се очекува посилен земјотрес во реонот на Шара, за разлика од подрачјата како дебарското, валандовското, пехчевското или скопското, кои се познати по поголема сеизмичка активност. Според Милевски, станува збор за постепено дооформување на северниот дел од Шар Планина и котлините околу неа, како дел од долгите геолошки процеси што траат со милиони години.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

seizmograf-zemljotres-620x350

Земјотрес со магнитуда од 5,6 степени ја погоди Сицилија

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Силен земјотрес со магнитуда од 7 степени го погоди Тибет

Свет | пред 1 ден

media-librarytjlvek7b8vg9f1KsZMt

(Видео) Наместо да избега, продавачот ги спасуваше шишињата со вино во маркетот за време на земјотрес

Вирално | пред 1 седмица

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес со јачина од 3,3 степени ја стресе Преспа

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања