Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Жена во Ѓорче изгубила свест од удари и давење - нови два случаи на ужасно семејно насилство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
semejno-nasilstvo

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за кривично дело „Телесна повреда“ по член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, во два одделни случаи на семејно насилство.

— реклама —

Во првиот случај, на 25 септември во семеен дом во Ѓорче Петров, осомничениот физички ја нападнал својата вонбрачна партнерка. Според обвинителството, тој ја удирал со тупаници, шлаканици и клоци во пределот на главата и телото, а во еден момент почнал и да ја дави. Жената изгубила свест, а притоа ѝ биле нанесени повеќе телесни повреди.

— реклама —
— реклама —

Вториот случај се случил на 1 октомври во селото Мирковци. Таму, друг осомничен отишол во домот на својата поранешна брачна партнерка и иако таа побарала да си замине, тој одбил и почнал да ја напаѓа. Според пријавата, ја влечел и тегнел за рацете, удирал со тупаници, при што жената добила видливи повреди.

— реклама —

Јавниот обвинител побарал од судијата на претходна постапка да им биде изречена мерка притвор за двајцата осомничени, поради околности кои укажуваат на опасност од бегство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryotoc10vha0nq2wuXNtC

Четири малолетници меѓу пријавените жртви на насилство – осум случаи во полицискиот билтен

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
semejno-nasilstvo

Сопруг ја претепал сопругата, таа претходно нападнала вработена во Охрид

Македонија | пред 3 месеци

media-library9rp5mfm93lu2eviHL9i

Родителите на деца што вршат врсничко насилство ќе плаќаат парични казни, вели Јаневска

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryr42uqsjq5u3c99DNars

Родител влегол во училишен двор и нападнал дете по расправија меѓу ученици: го удирал со шлаканици и тупаници

Скопје | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања