Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Жени во Америка биле затворени во вила и принудувани да снимаат содржина за OnlyFans

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Свет
media-library9tbupk95mcqt6Xqk74b
Photo by Ian Taylor on Unsplash

Она што соседите во американскиот град Белвју, во сојузната држава Вашингтон, со месеци го сметале за обична куќа со неконтролирани забави, се претворило во шокантна истрага за трговија со луѓе и сексуална експлоатација.

По бројни поплаки за гласна музика, блокирани улици и постојани забави, полицијата извршила рација во луксузна вила и открила докази кои, според истражителите, укажуваат дека објектот функционирал како место за производство на содржина за возрасни за платформите OnlyFans и Chaturbate.

— реклама —

При претресот биле пронајдени повеќе од 300 мобилни телефони, над 50 лаптопи, бележник со имиња на жени и нивната заработка, табла со натпис „План за содржина“, финансиска документација и повеќе луксузни возила.

Според судските документи, неколку жени изјавиле дека биле намамени со ветувања за заработка од илјадници долари месечно, но подоцна им бил оневозможен пристапот до нивните сметки и не можеле да располагаат со парите што ги заработиле.

— реклама —

Тие тврдат дека биле принудувани секојдневно да поминуваат најмалку осум часа во комуникација со „обожаватели“, а дополнително да снимаат видеосодржина. Кога одбивале да ги исполнат барањата, наводно биле заплашувани, тепани и физички ограничувани.

За време на акцијата бил уапсен еден маж поврзан со истрагата, за кого е одредена кауција од пет милиони долари. Тој треба да се појави пред суд, додека истрагата за случајот продолжува.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarypdl0nmb7ruhgcevAO3U

Скандал што ја потресе Америка: косопственичка на погребална фирма осудена на 30 години затвор за сквернавење речиси 200 тела

Свет | пред 1 месец

— реклама —
media-librarygm7jb0egts6j1eq1obZ

Пентагон ги олабавува правилата: американските војници ќе можат да внесуваат лично оружје во базите, растат стравувањата од повеќе самоубиства

Свет | пред 2 месеци

media-libraryutdgma2d7c1e9xJR1SU

(Видео) Американската војска изврши 3 напади на Тихиот Океан и Карибите, загинаа 11 лица

Свет | пред 3 месеци

Iran

Руски амбасадор до Американците: „Трипати мери и не сечи“

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања