Промени тема
Контакт

Жерновски до Мицкоски: Зошто не го вративте името?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryqt8qajrhl8uh1QIbJJB

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Директна порака до владејачката партија:

Ветивте на народот враќање на името. Ветивте на народот дека ќе го поништите Преспанскиот договор. Нас нè обвинивте дека сме предавници. Но, еве веќе втора година сте на власт и никаков потег немате во тој правец, вели Андреј Жерновски – член на Извршниот одбор на СДСМ.

„Зошто сега не го смените името? Зошто сега не го направите тој чекор? Излезете и покренете иницијатива во Собранието. Вие знаете тоа многу лесно да го направите, во еден ден – исто како што го сторивте со декретот за забрана на говор.

Но кажете ѝ тогаш и на меѓународната заедница, на Европската Унија и на НАТО и кажете му на народот, додека летаат ракети кон Европа, дека Македонија нема да биде во НАТО, дека нема кој да нè брани и дека ќе бидеме сами.

Кажете отворено дека повторно ќе бидеме БЈРМ, дека повторно ќе бидеме ФИРОМ. Ајде, de facto и de jure, меки ткива, мекотели.

— реклама —

Нели за тоа ја баравте довербата од граѓаните. Нели тоа ви беше главното ветување пред гласачите.

Продолжете до крај со изолацијата во која ја туркате земјата. Така многу полесно ќе можете да терате тендери, ќе си го заокружите целиот процес што сте го започнале.

— реклама —

Така полесно ќе можете да го вратите Груевски, кога веќе работите во тој правец.

Имате 58 пратеника, ги имате ЗНАМ, ги имате ВЛЕН, а богами, после лидерската средба ги имате и ДУИ ги имате, и Левица. Што ве спречува да го направите овој потег?

Се имате. Закажете Собрание, слободно закажете седница. На народот кажете му да купи прачки, па со тоа да ги гаѓа авионите и ракетите кои, недај Боже, би дошле во правец на Европа.

— реклама —

Тамам ќе добиете сигурно поддршка и од Русите и од Вучиќ, бидејќи и така и така работите во нивен интерес. Потоа, многу полесно ќе можете да криумчарите пет тони дрога – никој нема да ве спречи.

Ајде, патриоти. Ајде, комити. Зошто не го направите овој потег“, вели Жерновски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydb42hvlkop2v8zRIytV

(Фото) Манасиевски: Жерновски повторно виден како го вози „мерцедесот“ за кој тврдеше дека никогаш не го возел

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
920541_573957962634478_1877160628_o

„Нема ли некој да го убие Жерновски, и тоа пред фамилијата“: членот на Извршниот одбор на СДСМ објави директна закана кон него и праша каде се институциите

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryr2nljhmlbn8r11YZOdZ

(Видео) Жерновски: СДСМ бара Обвинителството да отвори истрага за унгарскиот кредит и во Македонија

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryouvhc324vipq1OWfdYz

„Премиерот сака да ни ги затвори вратите кон светот“, вели Жерновски

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања