Промени тема
Контакт

Жерновски: Мицкоски ја стави државата на црната листа на САД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-libraryt35loso5kg6qckWa1Xe

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, денеска на прес-конференција остро ги критикуваше политиките на Владата, оценувајќи дека одлуката на Соединетите Американски Држави за суспендирање на обработката на визи за македонските граѓани претставува сериозен политички сигнал и дипломатско предупредување.

— реклама —

Жерновски изјави дека премиерот Христијан Мицкоски „го надминал Никола Груевски“ и, како што рече, „за жал ја ставил целата држава на црната листа на САД“. Според него, мерката не може да се третира како техничка пауза, туку како јасна порака дека Вашингтон внимателно ја следи состојбата во земјата и детектира сериозни проблеми.

Тој нагласи дека митот за наводно „одлични и специјални односи“ со САД се распаднал, оценувајќи дека Македонија е ставена во ист контекст со земји од т.н. трет свет, што, според него, претставува тежок удар за меѓународниот углед на државата. Жерновски потенцираше дека земјата ја плаќа цената на погрешните политики кои водат кон затворање и изолација, што директно ја зголемува недовербата на граѓаните во институциите.

— реклама —

Во своето обраќање, тој посочи дека недостигот од економска перспектива и реформска насока ги тера младите да ја напуштаат државата, бидејќи не гледаат иднина во сопствената земја. Според Жерновски, одлуката на САД е порака дека постои сериозна недоверба во капацитетот на институциите и дека се очекуваат реформи кои, како што рече, Владата не ги спроведува.

— реклама —

Жерновски повтори дека СДСМ подолг период предупредува дека политиките на, како што ја нарече, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ го загрозуваат стратешкото партнерство со САД и процесот на интеграција во Европската Унија. Тој како проблематични ги посочи и надворешнополитичките активности на најблискиот соработник на Мицкоски во Владата, Иван Стоилковиќ, поврзувајќи ги со групи блиски до рускиот претседател Владимир Путин.

Дополнително, Жерновски предупреди дека во јавноста сè почесто се појавуваат поранешни дипломати и политички актери блиски до ВМРО-ДПМНЕ кои, како што рече, отворено ги напаѓаат Соединетите Американски Држави и го доведуваат во прашање стратешкото партнерство. Според него, паралелно се води и активна анти-ЕУ кампања, преку намерно продуцирање судири со Грција и Бугарија, со повторно отворање на затворени прашања, со цел да се оправда меѓународната изолација.

— реклама —

На крајот, Жерновски оцени дека мерката на САД претставува јасен дипломатски аларм и индикатор за позицијата на Македонија на меѓународната мапа. Тој порача дека СДСМ ќе продолжи, како што рече, јасно и гласно да ја разоткрива „опасната агенда“ на власта и да се спротивставува на политиките кои го загрозуваат стратешкото партнерство со САД и европската иднина на државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library071qd3e595h3efrUE9Q

Мицкоски за минимална плата од 600 евра: Јас сум за повисоки плати, но тоа треба да се договори со работниците и работодавачите

Македонија | пред 20 часа

— реклама —
media-librarye75h4p09er0453a8Mi4

Мицкоски предупредува: За 15 до 25 години може да останеме со помалку од 500.000 вработени, тогаш ќе настанат вистински проблеми

Македонија | пред 20 часа

media-library4o2hv4aj2rhhf5bBJN9

Мицкоски не очекува ништо од средбата на Муцунски во Софија, за избори порача: Мандатот е четири години, а ние сме подготвени и за предвремени

Македонија | пред 22 часа

media-library2352l8gcech06R73Pe3

Мицкоски очекува инфлација од 1,5 до 2% кај храната во септември: „Утре ќе видиме колку ќе биде вкупната“

Македонија | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања