Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Жерновски: Секогаш кога на власт доаѓа ВМРО-ДПМНЕ, доаѓа и цензурата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Коментари
media-libraryt35loso5kg6qckWa1Xe

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Македонија забележа пад на Индексот за слобода на медиумите на „Репортери без граници“, паѓајќи од 42-то на 45-то место и се најде во групата земји со „проблематична“ состојба. Иако вкупниот резултат останува ист, земјата бележи влошување кај сите главни индикатори што ја мерат слободата на медиумите, вклучувајќи ги правните, политичките и економските аспекти. Андреј Жерновски од СДСМ вели дека секогаш кога на власт доаѓа ВМРО-ДПМНЕ со неа доаѓа и цензурата.

„Нов пад, овојпат од уште три места и 45. позиција на Глобалниот индекс за слобода на медиумите според „Репортери без граници“.

Втора година по ред Македонија назадува. Откако дојде Мицкоски на власт, првата година од неговиот мандат експресно паднавме за шест позиции, вторава за дополнителни три.

Нема случајност во ова. Секогаш кога на власт доаѓа ВМРО—ДПМНЕ, со неа доаѓа и цензурата. Прво тивко, потоа системски- преку притисоци, фаворизирани медиуми, дискредитација на критичките гласови и создавање атмосфера во која новинарството треба да биде послушно, а не слободно.

Ова не е нова приказна, туку веќе виден и препознатлив модел. Враќање на духот на времето на Никола Груевски, кога медиумите беа поделени на „наши“ и „непријателски“, а вистината зависеше од тоа кој ја контролира насловната страница. Денес, повторно се создава амбиент во кој власта не поднесува критика, туку нарачува со ништо заслужени аплаузи.

А до пред само две години, Македонија беше пример за напредок. Во периодот кога владата беше предводена од СДСМ, државата направи историски исчекор во медиумските слободи. Се искачивме на 36. место — отидовме пред Словенија и Хрватска, членки на ЕУ. Не затоа што проблемите исчезнаа, туку затоа што постоеше политичка волја да не се гуши критичкиот збор. Колкава и да биде политичката цена која на крајот на денот се плаќа за тоа.

Денес повторно тонеме. И не е случајно што паралелно со падот, растеше влијанието на “домашните” македонски медиуми на Орбан, односно политичките мегафони на власта.

Македонија веќе еднаш ја помина оваа лекција. Живеевме во таков мрак, во кој добро знаеме каде и како завршивме.

Сега на власт го гледаме истото сценарио од ученикот на Груевски. Со Мицкоски не губиме само места на листите, туку го губиме воздухот на слободата. А кога медиумите молчат, власта зборува сама со себе.

И токму поради тоа што научивме колку скапо се плаќа молкот, научивме дека ова не е само битка за медиуми.

Ова е битка да си ја вратиме демократијата, достоинството и правото вистината да не зависи од тоа кој е на власт.

Без новинари што прашуваат, нема власт што одговара. Без слободни медиуми нема демократија. А таа не тоне одеднаш, туку изумира секој ден по малку… додека на крајот не ја снема“, вели Жерновски.

— реклама —
— реклама —
— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

920541_573957962634478_1877160628_o

Жерновски со критики до власта по собирот за поддршка на Вучиќ во Куманово

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarybr0c6a2usaanf0Y9qGt

„Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде“ , вели Жерновски

Македонија | пред 1 седмица

media-librarypk9en3hjuqareFV4Eo3

Како Мицкоски клечеше и лажеше дека ќе го поништи Преспанскиот договор така лаже и сега, вели Жерновски

Македонија | пред 2 седмици

media-library7klm3v6064n5apuFfv0

Жерновски за поразот на Орбан: Прослава на улиците во Унгарија, крокодилски солзи во Белата барокна палата

Коментари | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања