„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Зголемување на безбедноста и обезбедување чувство на сигурност за сите пешаци: Нова пешачка патека од Волково до Орман

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
untitled-25-of-51

Општина Ѓорче Петров денес објави старт на реализацијата на уште едно ветување дадено кон граѓаните - изградба на нова пешачка патека и улично осветлување од Волково до Орман. Патеката ќе биде во должина од 1.800 метри и ширина од 1.4 метри, а целта е да се поврзе основното училиште „Јоаким Крчовски“ со село Орман, решавајќи децениски проблем од недостиг на безбедна зона за пешачење.

— реклама —

Со оваа инвестиција, општината поставува и ново улично осветлување на патеката, со должина од над 1.400 метри. Вкупната вредност на проектот изнесува 7.000.000 денари. Оваа иницијатива не само што ги заштитува учениците и жителите, туку и создава повеќе можности за спорт, рекреација и здрав живот.

Патеката, која ќе биде комплетно осветлена, ќе обезбеди непречено и безбедно движење за сите граѓани.

— реклама —

„Оваа патека е важен чекор кон зголемување на безбедноста на пешаците, подобрување на сообраќајната поврзаност и зголемување на удобноста при движењето“, истакнуваат од Општина Ѓорче Петров, додавајќи дека очекуваните придобивки од проектот ќе бидат значајни за жителите на Орман.

Изградбата на пешачката патека ќе овозможи значително подобрување на сообраќајната комуникација, а пешаците ќе уживаат во зголемена безбедност и удобност, особено во вечерните часови благодарение на новото осветлување. Најважно од сè, новата патека ќе создаде чувство на сигурност за сите граѓани, што е особено важно за жителите на Орман, кои сега ќе имаат безбеден и модерен простор за движење.

жОвој проект е дел од заложбите на општината за развој на модерна и функционална инфраструктура, која ќе им овозможи на сите жители да имаат подеднакво безбедни и современи решенија за движење. Општина Ѓорче Петров продолжува со реализација на проекти кои имаат за цел подобрување на инфраструктурата, како и условите за живеење во општината, во интерес на граѓаните и јавното добро.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

prvacinja

Општина Ѓорче Петров со ранци и учебници за сите првачиња

Скопје | пред 4 месеци

rascistuvanje-na-sneg-1

Eкипите на општина Ѓорче Петров на терен од рано утро

Скопје | пред 1 година

GP

(Видео) Стојкоски: Затекнавме општина во долгови и населени места без инфраструктура, денес Ѓорче Петров расте и се модернизира

Скопје | пред 1 година

postavuvanje-stolbcnja

Општина Ѓорче Петров ги засилува безбедносните мерки во сообраќајот: поставени нови столбчиња и пешачки премини, следуваат успорувачи на брзина пред училиштата и градинките

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања