Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

ЗНАМ: Заминувањето на Миле Цеков не е изненадување, се оддалечи од нашите принципи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library8ju89g52ija89mgGVWM

Подолг период беше јасно дека пратеникот Миле Цеков политички и вредносно се оддалечува од принципите, програмските определби и државотворната визија на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија. Затоа, неговата одлука да ја напушти пратеничката група и да делува како
независен пратеник не претставува изненадување, велат од ЗНАМ.

„Движењето ЗНАМ е создадено врз јасни принципи кои се темелат на чесност, одговорност, заштита на македонските национални интереси и борба за достоинствена и суверена Македонија. Тоа не се вредности од кои отстапуваме зависно од политичкиот момент,
личните амбиции или дневнополитичките пресметки.

— реклама —

Оттука, неговите обиди денес да се претставува како симбол на принципиелност, а притоа претходно да застапува позиции спротивни на државните и националните црвени линии, се крајно несериозни и неубедливи пред граѓаните.

За човек кој јавно се залагаше за внесување на Бугарите во Уставот, природно е што повеќе не се препознава во политиките на Движењето ЗНАМ.

— реклама —

Причините за оваа одлука се лично негови. Дали станува збор за политички калкулации, клиентелизам или нешто друго, ќе покаже времето.

— реклама —

Но, Движењето ЗНАМ нема да отстапи од својата мисија и од довербата што ја доби од народот.

На господинот Цеков му посакуваме успех во неговото понатамошно политичко делување како независен пратеник.

— реклама —

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија останува цврсто определено кон политиките на национално достоинство, стабилност, реформи и силна македонска држава“, се вели во соопштението.

media-library13cfqlacm1312bJ29yo

Пратеникот Миле Цеков му сврте грб на ЗНАМ: Не можам да бидам дел од власт и партија што не застанаа зад ветувањата

Пратеникот Миле Цеков објави дека ја напушта ЗНАМ и дека отсега во Собранието ќе дејствува како независен пратеник, Тој веќе не е дел од владејачкото мнозинство.Тој во своето обраќање до јавноста вели дека во политиката влегол со цел да им служи на татковината и граѓаните, но дека очекуваните промени не се реализирале.„Пред две години станав пратеник за да се обидам да ги променам работите, да побарам одговорност за криминалот и корупцијата и да се борам за промена на системот, како и да покажам

Македонија | пред 2 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче по одлуката на Цеков: Сите кои сакаат да се оградат од оваа криминална група – вратата на СДСМ е отворена за соработка

Македонија | пред 2 месеци

— реклама —
media-library13cfqlacm1312bJ29yo

Пратеникот Миле Цеков му сврте грб на ЗНАМ: Не можам да бидам дел од власт и партија што не застанаа зад ветувањата

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања