Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

ЗНМ со реакција до „Паркови“ по заканите до „Скопје1“: Евентуална тужба би била карактеризирана како СЛАПП, обвинувањето за говор на омраза може да се сфати како притисок

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
znm-ars

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), согласно своите заложби за заштита на правата и интегритетот на новинарите, " target="_blank" rel="noopener">реагира на барањето за извинување за објавен текст испратено од страна на адвокатот на ЈП Паркови и зеленило до редакцијата на Скопје1.мк како и на погрешното интерпретирање на ставовите на ЗНМ, што е нотирано во истото барање.

— реклама —

Во прилог, целата реакција:

„Неспорно е дека според Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета (ЗГОНК) член 12, може да се бара јавно извинување или јавно повлекување на изјавата или содржината. Но од друга страна укажуваме дека единствени професионални тела за утврдување на прекршување на етичкиот кодекс на новинарите се Советот на честа при ЗНМ како и комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ).

— реклама —

Обвинувањето за говор на омраза за легитимни теми од јавен интерес во текстот насловен како " target="_blank" rel="noopener">„Депонија и ѓубришта на кејот на Вардар“ објавен на 03 септември 2024 година, може да се сфати како сериозен притисок врз работата на новинарите. Евидентно е дека нема елементи на говор на омраза во овој текст, а интересно е тоа што ЈП Паркови и зеленило воопшто не се ни спомнува во објавата.

Поради ова може да се смета дека ваквата комуникација од страна на ЈП Паркови и зеленило претставува закана кон професионалната новинарска работа, а евентуална тужба со сигурност би била карактеризирана како Стратешкa тужбa против учеството на јавноста (СЛАПП).

Овие тужби се карактеризираат како тужби кои се поднесени од моќни субјекти, односно ентитети (на пример: јавно претпријатие, јавен функционер, деловно лице од висок профил) против граѓански организации или поединци, како што се новинари или други лица, кои изразиле критична позиција за суштинско прашање од некаков политички интерес или општествено значење.

Во барањето за извинување има и погрешно толкување и интерпретација на ставовите на ЗНМ за објавен текст испратено од страна на адвокатот на ЈП Паркови и зеленило до редакцијата на Скопје1.мк. Правниот застапник на ова јавно претпријатие погрешно користи јавни ставови на ЗНМ поврзани со говор на омраза, со цел да имплицира на непрофесионално новинарско известување.

Токму поради ова, јавно се обраќаме со појаснување и испраќаме поука до засегнатата страна со цел ваквата комуникација во иднина да не прерасне во негативна пракса.

ЗНМ апелира до раководството во јавните претпријатија да негуваат култура на толеранција и професионален однос со новинарите и медиумските работници, и да покажат подготвеност за соработка а не да се посегнува по тужби кон нив“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања