„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Зоолошката градина е позната како куќата на стравот и тоа доволно кажува за владеењето на Арсовска, вели Кирков

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Скопје
IMG_2107

На гостувањето во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ присуствуваше советникот од Советот на Град Скопје, Стефан Кирков кој се осврна на актуелниот проблемот со бездомните кучиња.

— реклама —

Кирков објасни дека само на територијата на Скопје има повеќе од 5 илјади бездомни кучиња и како системско и трајно решение го нагласи примерот односно изградбата на еден поголем државен стационар за хуман престој на животните.

„Само на територијата на Скопје има повеќе од 5 илјади кучиња, како единствено решение дека треба да го земеме примерот од околните земји кои го имале овој проблем, хуман престој на животните и еден државен поголем стационар или помали стационари во секоја општина е единственото решение според мене“, објасни Кирков.

— реклама —

Кирков се осврна на актуелната тема пред неколку месеци во врска со епидемијата во зоолошката градина и како причинител го обвини лошиот менаџмент во зоолошката градина.

„Зоолошката градина е позната како куќата на стравот, и сметам дека овој менаџмент на зоолошката градина и оваа градоначалничка не си го сака Скопје и зоолошката градина, со тоа што направи низа промени на директори таму од причини познати само кон неа и за само три години ние имаме епидемија на повеќе од 40 погинати животни, егзотични, дел од нив под нерасчистени околности. Се доведовме во ситуација да зоолошката градина после толку години постоење за прва пат да има катанец на врата и беше затворена поради вирусна бактерија пред се од лош менаџмент внатре и под голем ризик да направи епидемија во целата земја“, рече Кирков.

Кирков исто така додаде дека зоолошката градина пред две години го изгубила статусот на членка на ЕАЗА и дека зоолошката градина има целосна блокада за потенцијална членка во наредните 5 години.

„Мене ми е навистина многу жал што морам да говорам за зоолошката градина во негативна конотација затоа што јас не ја памтам зоолошката градина ваква, и не сакам да ја гледам во вакво издание како што е сега, пред две ипол години Скопје ЗОО го загуби статусот на членка на ЕАЗА тоа е како Европска Унија за луѓето, ние бевме на праг да влеземе таму, со доаѓањето на новиот менаџмент поставен од оваа градоначалничка не само што го изгубивме статусот кандидат членка туку имаме целосен бан да бидеме потенцијална членка во наредни 5 години“, истакна Кирков.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4hsa32qf750t0nUjNfA

Орце тврди дека ниту купувал ниту продавал имот: Анкетниот лист не е поднесен поради многуте обврски

Македонија | пред 1 седмица

media-library7lp0vduj5so29wiVItL

(Фото) Над 20 казни на „пластичарска“ каде елки се продаваат на тротоар, а улиците се паркинзи - постапки и за „Зимзоленд“

Скопје | пред 2 седмици

media-library62m7usajp8t27xIhbvI

(Видео) Станкоска: Дали со еден стан Орце го реши проблемот на жените жртви на насилство?!

Скопје | пред 2 седмици

media-librarybpadjj0k1bf4aJ2k0gC

Кога ќе ги добијат платите во Комунална и Паркови: Затекнавме руиниран возен парк и ненаплатени плати

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања