Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Зошто Украина ќе продолжи да се бори дури и ако Трамп ја напушти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
media-library54ga6e29pir3diXi9yC

Минатонеделниот притисок од американскиот претседател Доналд Трамп врз Киев – да го прифати ненадејниот мировен план на Вашингтон или да ризикува да остане без американско оружје и разузнавачки податоци – предизвика шок во европските престолнини. Иако документот потоа беше преработен со учество на Украина и европските партнери, а Трамп изјави дека „рокот е кога ќе заврши“, заканата и натаму тежи врз Киев.

Ова го отвора клучното прашање: може ли Европа да ја замени американската воена помош, и може ли Украина да продолжи да се брани без неа? Според анализата на Политико, одговорот е – Европа не може, но Украина ќе продолжи да се бори.

— реклама —

Според експертите, Европа засега нема капацитет да го исполни она што го нудат САД. Најголемиот проблем се ракетно-противвоздушните системи. Украинската способност да ги пресретне руските балистички проектили речиси целосно зависи од американските системи „Патриот“ и ракетите PAC-3, кои исклучиво ги произведуваат САД.

И покрај тоа што европските држави испраќаат тенкови, муниција и авиони, Молинг од Европскиот центар за политика нагласува дека достигнување на актуелното ниво на американска поддршка е „едвај возможно“.

— реклама —

Важен елемент се и разузнавачките информации. Раното откривање на ракетни напади се темели на густата мрежа американски сателити и системи за набљудување, што Европа ги нема. Без нив, Украина многу потешко би извршувала противудари, особено врз руските системи за противвоздушна одбрана и инфраструктурата во позадина.

Иако Европа сега трошел повеќе од САД, тоа не значи дека ја презела водечката улога. Американската поддршка речиси запре откако Трамп стапи на должност, додека европските држави ја зголемија финансиската помош, најчесто со плаќање на американско оружје преку системот PURL – „листа на приоритетни украински потреби“.

Но, Вашингтон може едноставно да го стопира извозот, независно од комерцијалните интереси на компаниите. „Доволна е една политичка одлука“, предупредува Молинг.

— реклама —

Ако САД навистина престанат да помагаат, Украина би продолжила да се брани, но во многу поопасни услови. Иако земјата денес има една од најсилните одбранбени индустрии во Европа и произведува повеќе дронови, ракети и муниција од кога било, сè уште нема можност самостојно да пресретнува балистички проектили.

Заменик-министерката за одбрана Хана Гвоздиар истакна дека Украина веќе произведува околу 60% од потребното вооружување, но преостанатите 40% вклучуваат високотехнолошки системи кои не може да ги надомести без странска помош.

— реклама —

Експертите предупредуваат дека без американските ракетни системи и разузнавачка поддршка, Украина ќе мора да се бори со „значително поголем ризик“. Но украинската отпорност не е спорна. Војската издржа и во периоди на екстремни недостатоци и под постојани руски напади.

„Украина не капитулираше ниту падна. Ќе продолжи да се бори – со или без Трамп“, оценува Скриченко од Центарот за трансатлантски дијалог.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47jcaee6d88j01lEBMf

(Видео) Над 850.000 Украинци останаа без струја по новите руски напади врз енергетската мрежа

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library4bb6t509i29t0ECHASx

Русија со ракетен напад врз Киев: Оштетени станбени згради, мост и градинка, петмина повредени, меѓу кои и 14-годишно дете

Свет | пред 2 дена

media-libraryspg3a44vr325ahxo10E

(Видео) Бројот на загинати во рускиот напад врз Запорошката област се искачи на 55

Свет | пред 2 дена

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски бара двопартиска поддршка од САД и итна испорака на ракети за „Патриот“

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања