Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Зошто власта го крие идентитетот на вработените во Министерството за односи меѓу заедниците, прашуваат од Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
levica

,,Новиот министер за односи меѓу заедниците предложен од страна на ДПМНЕ, Иван Стоилковиќ, пред околу еден месец како дел од својата ПР - стратегија за тоа „колку работи“ новата Влада, до македонската јавност пред медиумите го покажа списокот на вработени во поранешното министерство на Артан Груби, којшто се чуваше како државна тајна. Идентитетот на тие вработени, власта продолжува да го крие.

Секторот за Политички систем на #Левица за да ја истражи валидноста на оваа наводна транспарентност, испрати барање за информација од јавен карактер до Министерството за односи меѓу заедниците, за тоа кои се: раководителите, вработените и советниците во Министерството, а ги побара и нивните службени е-адреси, бидејќи противзаконски, не се достапни на веб-страницата на Министерството.

Министерството за односи меѓу заедниците законски е обврзано во рок од 20 дена да даде повратен одговор за тоа кои се луѓето во тајност коишто добиваат плата од народниот буџет и што точно тие сработиле сите овие години претходно.

— реклама —

Но, како и до сега, не добивме никаков одговор од новото раководство, заради што ќе биде поднесена соодветна жалба до Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Поради тоа, од Левица прашуваме:

— реклама —

Зошто власта го крие идентитетот на вработените во Министерството за односи меѓу заедниците?

— реклама —

Евидентно е дека транспарентноста на новиот министер, Иван Стоилковиќ, е, единствено, за пред медиумите и истата наместо некакво решение, служи за дневнополитички поени коишто ја крепат ПР - стратегијата на ДПМНЕ.

За жал, под привидот на некакви промени, најконтроверзното министерство, претходно раководено од Артан Грби, продолжува да функционира „како и до сега", а списокот на вработени, бројот на луѓе што добивале плата без да одат на работа и останатите работи правени на сметка на граѓаните, засега, и покрај најавите за нивно расветлување, остануваат мистерија.", велат од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

dosnica

Нови сомнежи за Дошница: Левица тврди дека повторно се активираат концесиите за мини-хидроцентрали

Македонија | пред 3 дена

apasiev

Левица: Клековски го остави Фондот за здравство со милионски проблеми, ДПМНЕ го награди со министерска функција

Македонија | пред 4 дена

apasiev

„ДПМНЕ го награди неработењето на Фетаи со унапредување и уште еднаш го понижи македонскиот работник“, вели Левица

Македонија | пред 5 дена

media-librarycb1gujrm7h5h05ZNsW9

Левица: Со кривична пријава за финансиски криминал со МРТВ Цветковски ќе раководи со "Скопје 2028"

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања