Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

Зверев го освои Ролан Гарос и го освои првиот Грен слем во кариерата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 часа -

Спорт
media-library88k648ppb4h74L2ioGO

Германскиот тенисер Александар Зверев ја освои титулата на Ролан Гарос и го запиша најголемиот успех во својата кариера, откако во финалето по голема борба го совлада Италијанецот Флавио Коболи со 3:2 во сетови (6:1, 4:6, 6:4, 6:7, 6:1).

По три загубени Грен слем финалиња, Зверев конечно стигна до првиот трофеј од највисок ранг. Третиот тенисер на АТП-листата одигра одличен турнир во Париз, а круната ја стави со победата во финалето против најпријатното изненадување на турнирот.

— реклама —

Коболи пружи силен отпор и успеа да избори петти сет, но немаше доволно искуство и квалитет за да го запре Зверев. Натпреварот траеше повеќе од четири часа и понуди возбудлива борба до самиот крај.

Ова беше петти меѓусебен дуел на двајцата тенисери и четврта победа за Зверев, кој за првпат во кариерата го освои Ролан Гарос, а воедно и својот прв Грен слем трофеј.

— реклама —

По години чекање, разочарувања, повреди и пропуштени шанси, Зверев конечно го подигна првиот Грен слем пехар и го впиша своето име меѓу шампионите на Ролан Гарос.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library27rrr1u5jopu19sFG4w

Остра критика за Зверев: „Како може да се споредува со Алкараз?“

Спорт | пред 1 месец

— реклама —
media-library27rrr1u5jopu19sFG4w

Зверев пред финале со Синер: „Го победив четири пати, но...“

Спорт | пред 1 месец

Нема фотографија

Го нема Новак, но ќе има спектакл: Каде и кога да се гледа финалето на Ролан Гарос?

Спорт | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања