Промени тема
Контакт

10 тони отпад собрани во еколошка акција на Шар Планина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library14bbfpkomlka27LlBsr

На 19.04.2026 година беше реализирана втората еколошка акција за расчистување на отпадот на локалниот пат с. Лешок – с. Варвара, во која беа собрани околу 10 тони отпад.

„Акцијата беше реализирана во координација со мештаните од село Варвара и со учество на претставници од ЈУНП Шар Планина, при што беа собрани околу 10 тони отпад, кој беше предаден на лиценцираната комунална компанија „Ekopark NB“.

Здружението на пчелари „Полошки Мед“, во соработка со ЈУНП Шар Планина, ги спроведе активностите за расчистување на патеката со цел истата во иднина да прерасне во едукативна пешачка патека, уредена со едукативни табли, мини парк – пријател на пчелите и клупи, каде најмладите љубители на природата ќе имаат можност да се запознаат со биодиверзитетот на Шар Планина.

— реклама —

Оваа активност е дел од проектот „Малите херои на природата“, финансиран од Европската Унија преку проектот „Зелена младина, зелен раст“.

— реклама —

Денес, на Денот на Земјата, ја потсетуваме јавноста дека ваквите акции не се само еднодневни настани, туку долгорочна обврска за заштита на нашата природа. Со секоја расчистена патека, со секое подигнато парче отпад, правиме чекор поблиску до почиста и поодржлива Шар Планина за идните генерации“, стои во објавата.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

sar-planina-2

Продолжена забраната за движење на Шар Планина поради опасност од пожари: Ќе трае до 30 септември

Македонија | пред 4 часа

sar-planina

По голема потрага, пронајдена исчезнатата Бугарка на Шар Планина

Македонија | пред 23 часа

media-libraryg9g003g5e052cDjp05t

(Фото) Сред лето падна снег на Шар Планина

Македонија | пред 1 месец

media-library75384cj14lbs2AFh8SW

(Видео) Изгребаните дрвја на Шар Планина се „потпис“ на мечките - националниот парк сподели снимка

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања