Промени тема
Контакт

100 милиони мерки во време на Ковид со СДС завршија во фирмите блиски до СДС и ДУИ, обвини Митева

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
ahmeti-grubi-dui

„100 милиони евра за наводна помош на компаниите, но никој не знае за што, како и кај кого завршиле овие пари е само уште еден доказ за Ограбена држава.

— реклама —

Според власта на СДС и ДУИ, уредбите со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор требаше да биде е погодна за 87 отсто од компаниите. Но каде завршуваа парите. Најверојатно се мислеше на ИГМ Еленица која беше едно од претпријатијата добитник на државна помош за исплата на минимални плати за време на кризата предизвикана од корона вирусот. Со акционерското друштво управува Трајче Заев, братучедот на Зоран Заев, додека Вице Заев, братот на тогаш актуелниот претседател беше Член на Управниот одбор. Вака завршуваа парите од т.н државна помош.

— реклама —

Дополнително, дека мерките не вродија со плод говори и фактот на бројот затворени фирми во пост ковид годините, 2021 и 2022 година. За овие две години вкупно се затвориле близу 14.000 фирми.

— реклама —

Па тука сосема логично се поставува прашањето, каде завршија 100 милиони евра државна помош за компаниите ако имаме вакви статистики и бројки кои го покажуваат спротивното? СДС и ДУИ манипулирајќи на овој начин со години ја трошеа државната каса за свои приватни цели. Суровоста на математиката го потврдува тоа, а фактите се следни: наместо за народот, парите завршуваа кај фирми блиски до власта на СДС и ДУИ.

— реклама —

За ова одговорност мора да има!“, вели Марија Митева, портпарол, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

„Ниту ПИОМ е пред колапс, ниту пензиите се во ризик, единствено СДС е загрозен од опстанок на политичката сцена“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
media-library4bbjdtshi0s6eoAlzGm

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот Жерновски како папагал со предавничките политики на Филипче, им смета дека Фон дер Лајен ги пофали реформите и дека Владата работи на подобри позиции

Македонија | пред 4 часа

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 2 дена

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања