Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„11 недели нема извештај за водата во Гостивар и во 50 други места а туркаат 5 рудници, антимон и дата-центри“, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

СДСМ преку соопштение обвини дека 11 недели по случајот со водата во Гостивар сè уште нема објавен извештај, одговори ниту утврдена одговорност. Од партијата велат дека дополнителен проблем претставува информацијата дека во околу 50 населени места ширум Македонија водата не била исправна за пиење.

Во партиското соопштение се поставува и прашањето за загадувањето на реките Лепенец и Вардар, за кое, како што велат од СДСМ, јавноста сè уште нема добиено одговори.

— реклама —

СДСМ ја критикува Владата и поради планирањето на нови рударски проекти преку Нацрт-просторниот план. Од партијата наведуваат дека се опфатени Иловица–Штука, Казандол, Плавица, Кадиица и Луке, како и геолошки ископи на планината Кожув.

— реклама —

Во реакцијата посебно се посочува планирањето на рудник за антимон. Од СДСМ тврдат дека отпадот од рударските активности може да претставува ризик за почвата, водата и земјоделските површини, а антимонот го поврзуваат со употребата во воената индустрија.

Партијата го отвора и прашањето за изградбата на центри за податоци. Според СДСМ, компанија веќе објавила дека добила пристап до 100 мегавати електрична енергија и до реката Вардар.

— реклама —

Од СДСМ обвинуваат дека ваквите политики ги ставаат водата и земјиштето во ризик и тврдат дека приоритет се, како што наведуваат, „бизнис интересите, провизиите и профитите“.

— реклама —

Партијата бара стопирање на Нацрт-просторниот план и најавува дека ќе се спротивстави на, како што ја нарекува, „распродажба“ на природните ресурси.

„Македонија не е на продажба“, порача СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryai70uklb91bl95snuYp

СДСМ: Измените на Законот за јавни набавки отвораат простор за корупција и договори без тендер

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-librarydh478nk3bt4a8pTWIOs

(Видео) „На 13 ноември Скопје беше ослободено, а денеска е заробено од криминална власт“, вели Давчевски

Македонија | пред 11 час

media-libraryd284jdr2diucdSIroCj

„Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!“, велат од СДСМ

Македонија | пред 12 часа

media-libraryai70uklb91bl95snuYp

СДСМ: Со паузи власта ги спречи опозициските пратенички прашања

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања