Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Дете во Грција заврши на интензивна нега: со тротинет се забило во автомобил

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
zena-na-elektricen-trotinet

Дванаесетгодишно момче се наоѓа на интензивна нега откако било тешко повредено во сообраќајна несреќа со електричен тротинет во Пеанија, југоисточно од Атина.

— реклама —

Според грчката полиција, несреќата се случила во саботата кога момчето, возејќи електричен тротинет, не застанало на знак „стоп“ на раскрсница и се судрило со автомобил кој минувал по патот.

— реклама —

Првичните информации покажуваат дека детето не носело заштитен шлем, а постојат сомнежи дека во моментот на несреќата користело и мобилен телефон.

По несреќата било пренесено во Детската болница „Агиа Софија“ во Атина, каде што е сместено на Одделот за интензивна нега. Лекарите соопштија дека неговата состојба е стабилна и дека во моментов не е во животна опасност.

— реклама —

Инцидентот доаѓа во период кога во Грција е забележан пораст на повреди поврзани со користење електрични тротинети. Според здравствените власти, само во мај биле регистрирани повеќе од 80 случаи на повредени деца, додека болниците бележат и сè поголем број возрасни лица повредени при вакви несреќи.

— реклама —

Надлежните институции повторно апелираат до граѓаните, особено до малолетниците, да ги почитуваат сообраќајните правила и задолжително да користат заштитна опрема при управување со електрични тротинети.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryog780k9t7ut6fM9meH7

14-годишник во Грција подготвувал вооружен напад во училиште поради врсничко насилство

Свет | пред 2 часа

— реклама —
policija-grcija

Потера со пукање во Грција: Измамиле баба, украле пари и златници вредни половина милион евра

Свет | пред 1 ден

media-library9u0sdv6b1be5fAg46oA

Разбиена работилница за фалсификување документи за азил во Атина, запленети над 32.000 евра

Свет | пред 1 ден

media-libraryflied4nfjmu68Ot24Gg

Поради уривање на надвозник затворен дел од грчкиот автопат А1: Изменет режим на сообраќај кон Солун и Евзони

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања