Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

12 пожари до 13 часот, четири и натаму активни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryoe5uhgfmfqkobJfifSc
Илустрација

На територијата на земјава до 13 часот денеска се регистрирани 12 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, седум се ставени под контрола, а еден е целосно изгаснат, информира Центарот за управување со кризи.

— реклама —

Активни пожари има во Општина Сарај, во реонот на селата Копаница и Радуша, каде гори нискостеблеста шума и ниска вегетација. Пожар е активен и во Штипско, меѓу селата Селце, Пухче, Степанци и Лакавица, каде е зафатена ниска вегетација.

— реклама —

Во Струшко активен е пожарот во реонот на селата Пискупштина, Луково и Буринец, каде гори шума. Активен пожар има и во Долнени, во близина на селото Лажани, каде е зафатена ниска вегетација.

Под контрола се пожарите во Македонски Брод, Зелениково, Ново Село, Виница, Делчево и Боговиње. Во Македонски Брод пожари има во реоните на селата Битово, Заград и Страјане, како и кај Драгов Дол. Пожар е ставен под контрола и над селото Палиград во Зелениково, кај селото Стиник во Ново Село, кај селото Градец во Виница, на градската депонија Острец во Делчево и кај селото Јеловјане во Боговиње.

— реклама —

Целосно е изгаснат пожарот кај селото Бузалково во Општина Велес, каде горело стрниште.

— реклама —

Од ЦУК продолжуваат да ја следат состојбата на теренот и координацијата со надлежните служби за справување со пожарите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryuejkus7f7odsdN2DEB5

ЦУК со апел: Бројот 112 користете го само за итни случаи

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryg9g003g5e052cDjp05t

Дождот и маглата ги заробиле на Пирибег: ЦУК координирал акција за спасување на двајца странски планинари

Македонија | пред 4 седмици

media-library79udkma0epe17GL70Xf

Осум пожари и натаму активни низ земјава, ЦУК регистрирал вкупно 21 пожар

Македонија | пред 1 месец

media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs

Пожар кај Јаболчиште, гори букова и дабова шума

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања