Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

13 дена гори депонијата кај Буково, никој не реагира

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
pozar-bukovo

13ти ден чади депонијата во Буково. Чадот зависно од правецот на ветерот се чувствува и во Охрид и тоа во ек на туристичката сезона. Во околните села е неиздржливо. Но, тоа се само села, нели, кому му е гајле што луѓето кои живеат таму се гушат во ужасен чад, полн со токсични супстанции? Никој не известува како се чувствуваат и што сè низ годиниве претрпеле луѓето поради депонијава Буково. Не се фактор. Но со една заедничка групна тужба ќе станат. Како и жителите на селата во близина на Дрисла, напишаа на својот фејсбук профил O2 Иницијатива.

— реклама —

Над 700 камиони земја се истурени, периодов имаше силни врнежи, но депонијата и понатаму чади и општината не може да се справи со проблемот.

Иако фирмата на советникот на ДУИ Нефи Усеини е задолжена за одржување на депонијата Буково, санирање и покривање со земја на депонијата, ангажирана е и друга помош, зошто механизацијата на Нефи ИК не била доволна.

— реклама —

Се склучуваат договори со пари на граѓаните, со фирми кои не се способни да ја извршат работата за која се ангажирани, се формираат чуварски служби за 24ч надзор над депонијата кои не можат да вршат надзор ноќе поради страв од глутница кучиња. Ништо не функционира, ама пари се одлеваат. Пари од граѓаните.

Пред две години ова време чадеше депонијата во Струга и премиерот Zoran Zaev во име на Владата ги понуди сите механизми и капацитети да ѝ помогне на општина Струга во решавање на проблемот. Понуди и финансиски да го помогнат набљудувањето на депонијата со камери, како и да финансираат 24 часовно обезбедување. Владата стоеше комплетно на располагање да помогне да се реши проблемот, додека не се најде трајно решение.

Влада на Република Северна Македонија нека го направи истото со Буково сега. Општината очигледно не е во можност да се справи со запалената депонија веќе две недели. И под итно да се утврди нова локација за регионалната депонија. Време нема, препораката на УНЕСКО е Буково да се затвори до декември 2020.

Скопје1.мк досег во неколку наврати информираше за пожарот во депонијата кај Буково. Но надлежните очигледно остануваат рамнодушни.

Првиот пат пишувавме на 8 јули , кога всушност и започна пожарот,

а вториот пат на 17 јули ...

https://www.facebook.com/o2inicijativa/posts/2280091545441493

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања