Промени тема
Контакт

13-годишник избоден во срце во Чаир, повредени уште 2 лица при физичка пресметка со ножеви и пендрек

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryqmbje9jkqs4cbXeHqrQ

Тепачката во Чаир, во која со нож беа повредени три лица, добива нови детали. Полицијата привела 19-годишник и 13-годишник од Скопје, кои се поврзуваат со инцидентот што се случил во понеделникот вечерта.

Според информациите од МВР, на 31 август околу 22 часот на подрачјето на Чаир избила физичка пресметка меѓу две лица од една страна и 19-годишниот И.З., 13-годишник и 16-годишник од друга страна.

Во текот на пресметката, 13-годишникот, кој е приведен, употребил нож и им нанел убодни рани на тројцата од спротивната страна. И.З. и 13-годишникот се здобиле со тешки телесни повреди, додека 16-годишникот поминал со телесна повреда.

— реклама —

Полицијата извршила увид на местото, при што биле одземени три ножа, пендрек и други предмети кои можат да бидат важни за истрагата.

— реклама —

Двајцата приведени се задржани за понатамошна постапка, а по целосното документирање на случајот, МВР најавува поднесување кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје.

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска ја потврди сериозноста на состојбата, посочувајќи дека медицинските тимови ги преземаат сите можни мерки.

— реклама —

„Убод во срце, критично е. Нашите мисли се со него, но веќе медицината нема многу што може да направи“, изјави Клековски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

13-годишно дете сè уште се бори за живот по крвавата пресметка во Чаир

Скопје | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

13-годишното дете кое беше прободено во срце е стабилно, движењето на срцето е во ред, но сè уште е во животна опасност

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryvo0qqe4h52a392pOjWG

30 дена притвор за 19-годишникот кој прободе 13-годишник во срце во Чаир

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryibc9fg0j3r2g2mQX78i

По тепачката со ножеви во Чаир: Истрага за 19-годишник, неговиот 13-годишен брат е под границата за кривична одговорност

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања