19-годишниот Б.И. од Скопје, осомничен за насилство врз дете во скопската населба Чаир, ќе остане во притвор 30 дена, одлучи Основниот кривичен суд Скопје.
Судија на претходна постапка, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје за определување мерка за обезбедување присуство, по произнесувањето на осомничениот го прифатил предлогот и определил мерка притвор.
Б.И. се товари за кривичното дело „Насилство“ од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.
Притворот е определен поради постоење на околности предвидени во член 165 став 1 точки 1, 2 и 3 од Законот за кривичната постапка. Судот утврдил опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз сведоци и на тој начин да ја попречи истрагата, како и опасност од повторување на кривичното дело.
Против решението, странките имаат право на жалба во рок од 24 часа до Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје.
13-годишник избоден во срце во Чаир, повредени уште 2 лица при физичка пресметка со ножеви и пендрек
Тепачката во Чаир, во која со нож беа повредени три лица, добива нови детали. Полицијата привела 19-годишник и 13-годишник од Скопје, кои се поврзуваат со инцидентот што се случил во понеделникот вечерта.Според информациите од МВР, на 31 август околу 22 часот на подрачјето на Чаир избила физичка пресметка меѓу две лица од една страна и 19-годишниот И.З., 13-годишник и 16-годишник од друга страна.Во текот на пресметката, 13-годишникот, кој е приведен, употребил нож и им нанел убодни рани на тројц
Македонија | пред 1 ден