Тринаесетгодишното момче кое беше избодено со нож во пределот на срцето е во стабилна, но и понатаму животозагрозувачка состојба. Лекарите будно ја следат неговата состојба по тешките повреди што ги доби во инцидент во кој учествувале пет лица, а сите тие веќе се приведени од полицијата.
Мотивите за крвавата пресметка сè уште не се познати. Случајот повторно го отвори прашањето за зачестеното насилство меѓу малолетниците во последните месеци, по неколку слични инциденти.
Надлежните најавуваат низа мерки за спречување на врсничкото насилство. Министерството за образование и наука и Градот Скопје работат на воспоставување траен систем на превентивни активности, наместо краткорочни проекти.
Во Општина Чаир се формира платформа во која ќе бидат вклучени општината, училиштата, психолозите и родителите. Предвидено е и формирање работни групи во општините кои треба да овозможат побрза координација и превенција на насилството.
Во училиштата веќе има промени во распоредот на дежурните наставници, додека во Собранието се разгледуваат законски измени со кои се предвидуваат и парични казни за родители чии деца вршат насилство.
30 дена притвор за 19-годишникот кој прободе 13-годишник во срце во Чаир
19-годишниот Б.И. од Скопје, осомничен за насилство врз дете во скопската населба Чаир, ќе остане во притвор 30 дена, одлучи Основниот кривичен суд Скопје.Судија на претходна постапка, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје за определување мерка за обезбедување присуство, по произнесувањето на осомничениот го прифатил предлогот и определил мерка притвор.Б.И. се товари за кривичното дело „Насилство“ од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.Прит
Македонија | пред 2 дена