Промени тема
Контакт

По тепачката со ножеви во Чаир: Истрага за 19-годишник, неговиот 13-годишен брат е под границата за кривична одговорност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Скопје
media-libraryibc9fg0j3r2g2mQX78i
Скопје1.мк

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против 19-годишник поврзан со насилниот инцидент во Чаир, во кој со нож беа повредени три лица, а за осомничениот е побарана и мерка притвор.

Од Обвинителството информираат дека постои сомнение дека 19-годишникот сторил кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик.

Според обвинителската верзија, осомничениот и неговиот малолетен брат, кој е под законската граница за кривична одговорност, презеле насилни дејствија при што на едно дете и на едно полнолетно лице им биле нанесени тешки телесни повреди со убоди од нож, додека уште едно дете било полесно повредено.

Од ОЈО наведуваат дека со нивното однесување кај присутните и во јавноста било предизвикано чувство на несигурност, загрозување, страв и вознемиреност.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување притвор за 19-годишниот осомничен.

— реклама —

Инцидентот се случи на 31 август околу 22 часот на подрачјето на Чаир, каде избила физичка пресметка меѓу повеќе лица.

МВР претходно информираше дека во пресметката учествувале две лица од една страна, а 19-годишниот И.З., 13-годишник и 16-годишник од друга страна.

— реклама —

Според полициските информации, токму 13-годишникот употребил нож и им нанел убодни рани на тројцата од спротивната страна.

При увидот на местото биле одземени три ножа, пендрек и други предмети кои може да бидат значајни за истрагата.

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска изјави дека едно од повредените лица е во критична состојба поради убод во пределот на срцето.

— реклама —

„Убод во срце, критично е. Нашите мисли се со него, но веќе медицината нема многу што може да направи“, рече Клековски.

Истрагата сега треба да ги утврди сите околности на инцидентот, улогата на секое од лицата и точниот тек на пресметката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

13-годишно дете сè уште се бори за живот по крвавата пресметка во Чаир

Скопје | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

13-годишното дете кое беше прободено во срце е стабилно, движењето на срцето е во ред, но сè уште е во животна опасност

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryvo0qqe4h52a392pOjWG

30 дена притвор за 19-годишникот кој прободе 13-годишник во срце во Чаир

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryqmbje9jkqs4cbXeHqrQ

13-годишник избоден во срце во Чаир, повредени уште 2 лица при физичка пресметка со ножеви и пендрек

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања