Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

13 пожари на отворен простор до 13 часот, девет и натаму активни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryj722lahbhm831KAEh2p
Илустрација

Девет пожари на отворен простор се активни во повеќе делови од земјава, покажуваат последните информации на Центарот за управување со кризи до 13:00 часот денеска.

— реклама —

Од вкупно 13 регистрирани пожари, девет се активни, два се ставени под контрола, додека два се целосно изгаснати.

Активни пожари има во општините Студеничани, Новаци, Крива Паланка, Могила, Велес, Македонски Брод, Битола, Прилеп и Струга.

— реклама —

Во Студеничани пожарот е над селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде гори мешана шума. Активни се и пожарите кај селото Маково во Новаци, кај Муждивњак во Крива Паланка, во атарот на Лозани во Могила и кај селото Сливник во Велес.

— реклама —

Пожар е активен и кај Драгов Дол во Македонски Брод, на магистралниот пат Прилеп-Битола, каде се зафатени ниска вегетација и викендичка, кај старата фабрика „Партизанка“ во Прилеп и кај селото Долно Татеши во Струга.

Под контрола се пожарите на градската депонија во Делчево и кај селото Манастирско Доленци во Кичево.

— реклама —

Во текот на денот се изгаснати пожарите кај Старо Балдовци во Босилово и кај Копанце во Јегуновце.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryuejkus7f7odsdN2DEB5

ЦУК со апел: Бројот 112 користете го само за итни случаи

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryg9g003g5e052cDjp05t

Дождот и маглата ги заробиле на Пирибег: ЦУК координирал акција за спасување на двајца странски планинари

Македонија | пред 4 седмици

media-library79udkma0epe17GL70Xf

Осум пожари и натаму активни низ земјава, ЦУК регистрирал вкупно 21 пожар

Македонија | пред 1 месец

media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs

Пожар кај Јаболчиште, гори букова и дабова шума

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања